Меко „спецатино“: Рецепт за вкусен италијански гулаш направен од најжилавите парчиња месо

Меко „спецатино“: Рецепт за вкусен италијански гулаш направен од најжилавите парчиња месо

Спецатино е популарно италијанско јадење кое се состои од евтини парчиња месо – жилаво говедско, јагнешко, овчо или свинско месо. Месото се сече на помали коцки, се посипува со брашно, се пржи со кромид и друг зеленчук и се готви на ниска температура околу три часа додека месото не омекне и може да се исече со виљушка. Ова јадење го добило името по италијанскиот збор „spezzattere“, што значи „исечено на мали парчиња“.

Меко „спецатино“: Рецепт за вкусен италијански гулаш направен од најжилавите парчиња месо

Потребни состојки:

  • 1 кг говедско месо без коски
  • 400 мл супа
  • 200 мл бело суво вино
  • ½ кг сецкан кромид
  • ½ кг пиперки
  • 3-4 чешниња лук
  • 1 ловоров лист
  • 2 грст свеж магдонос
  • маслиново масло за динстање
  • брашно
  • сол и бибер по желба

Начин на подготовка:

1. Во големо тенџере, загрејте малку маслиново масло, а потоа испржете ги парчињата месо исечени на приближно иста големина што претходно треба да ги попрскате со малку брашно.

2. Пржете 10-15 минути или додека да испари целата течност од месото и говедското месо да добие златно-кафеава кора.

3. Прелијте го месото со бело вино и гответе уште десет минути или додека не испари целиот алкохол.

4. Ставете ги сечканиот лук, пиперките исечени на ленти и супата во тенџере и гответе уште неколку минути. Додајте сол и бибер и ловоровиот лист.

5. Ставете го кромидот исечкан на тенки ленти, покријте го тенџерето со капак и оставете го јадењето да се вари без мешање околу два до три часа или додека месото не стане меко и зеленчукот не се претвори во желатинозен сос.

6. Кон крајот на готвењето, додајте ситно сечкан магдонос во тенџерето. Добар апетит!

Погледнете го овој рецепт за колач што ќе ви помогне да ослабите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

  1. Verica Reply

    Каков ви е тој месен фонд?

    • Кафе пауза Reply

      Благодариме за прашањето. Супа би било поедноставно да се каже. 🙂 Вобичаено е течноста од варењето на месото, но во случајов може да се употреби готова супа од месо.

Остави коментар