Медитацијата како алатка за поголем успех

Медитацијата како алатка за поголем успех

Дали знаевте дека медитацијата во денешно време може да биде една од најмоќните алатки за успех? Редовното практикување медитација може да ви помогне да останете смирени. На кој начин медитацијата може да ви помогне при постигнувањето на вашите цели? Прочитајте во продолжение.

Медитацијата како алатка за поголем успех

Медитацијата е една од клучните алатки за искажување на вашите желби и постигнување успех. Преку медитацијата можете да ги смирите сите непотребни гласови и да се фокусирате на оние мисли кои ќе ве доведат до успех.

Медитација за водство

Затворете ги очите. Длабоко вдишете и издишете. Со секое издишување обидете се да ги исфрлите негативните мисли и да се ослободите од напнатоста. Медитацијата ви помага да ја осознаете вашата интуиција. Потоа, опуштете се и фокусирајте се на внатрешниот оган. Препуштете му се на светот околу вас, но притоа не дозволувајте ништо да го згасне огнот. Напротив, замислете дека тој станува поголем и поголем. Продолжете околу четири минути да набљудувате како пламенот на огнот се зголемува.

Медитација за успех

Како што полека се навикнувате на медитацијата, така таа навлегува во вашиот секојдневен живот. Кога брзаме, престануваме да дишеме – но, ако само дишеме имаме можност да го живееме максимално животот и имаме време за да се грижиме за нашите работи, да работиме на нашите желби и амбиции. Тоа ни овозможува да се поврземе со нашето автентично „јас“ и нашата интуиција.

Откако прочитавте како медитацијата може да ви помогне да успеете во животот, можеби ќе сакате да прочитате и како медитацијата може да ви помогне во донесувањето одлуки кога се сомневате во себе.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар