Мажите се однесуваат како кретени затоа што се обидуваат да ги скријат нивните вистински емоции

Мажите се однесуваат како кретени затоа што се обидуваат да ги скријат нивните вистински емоции

Зошто некои момци се однесуваат како најголеми идиоти? Тие не го прават тоа затоа што се злобни или сакаат да ве повредат, туку затоа што се обидуваат да се справат со нивните емоции. Жените сакаат да разговараат за нивните чувства, додека мажите ги „закопуваат“ што е можно подлабоко. Тоа се должи на начинот на воспитување.

Мажите се однесуваат како кретени затоа што се обидуваат да ги скријат нивните вистински емоции

Мажите учат дека треба да бидат заштитници и ловци. Не смеат да ги покажуваат своите емоции. Треба само да соберат сила и да продолжат понатаму. Жените, пак, учат дека треба да се грижат за домот и децата. Но, во денешно време и жените имаат кариера, независни се и можат сами да го издржуваат семејството. Сепак, мажите сѐ уште не можат да се привикнат на овие промени. Сѐ уште не знаат како да се справат со нивните емоции, па затоа оставаат впечаток на кретени.

Кога мажите ќе почнат да доживуваат наплив на емоции, користат механизми за справување што жените честопати многу погрешно ги разбираат. За да можете полесно да ги разберете постапките на мажите во вашиот живот, обрнете внимание на следниве 7 знаци дека мажите се однесуваат како кретени само за да ги скријат нивните вистински емоции…

1. Постојано излегуваат по дискотеки и остануваат до раните утрински часови

Ова е класично машко однесување. Кога мажите поминуваат низ раскинување, почнуваат да пијат и да излегуваат. Тоа најчесто остава впечаток дека не им е гајле, дека им е драго што раскинале и дека едвај чекаат да си најдат нова девојка. Но, ова исто така може да значи дека многу им недостасува партнерката и не знаат што да прават со себе, па излегувањата им помагаат да ги тргнат мислите од раскинувањето.

2. Многу се неучтиви и лути

Кога ќе ги фатите мажите во „небрано“, тие се однесуваат како нервозни мачки. Избувнуваат и јазикот во комбинација со говорот на телото е првото нешто што решаваат да го искористат за да ја изнервираат партнерката.

3. Се впуштаат во непромислени активности

Некои момци решаваат да се впуштат во активности што ќе им го покачат адреналинот. Жените го сметаат тоа за глупаво и непромислено, но мажите на овој начин ја покажуваат својата мажественост.

Мажите се однесуваат како кретени затоа што се обидуваат да ги скријат нивните вистински емоции

4. Имаат преголема самодоверба

Некои мажи понекогаш се однесуваат како вистински петли! Се перчат наоколу како целиот свет да е нивен и ги кријат своите несигурности зад маската на „сезнајковци“. Ако почнете да се сомневате во нивното знаење, тие заземаат одбранбен став и почнуваат да се однесуваат неучтиво и луто.

5. Кажуваат несоодветни шеги

Хуморот може да ве ослободи од стресот, но треба добро да ја познавате својата публика пред да почнете со шегување. Мажите кои чувствуваат внатрешна болка немаат никаков филтер. Зборовите што ги користат може да бидат неучтиви и навредливи за некои луѓе.

6. Се однесуваат чудно

Сите имаат навики за кои не сте свесни. Па, ако вашиот партнер почне да се однесува чудно, треба да се запрашате зошто. Дали размислува за некој проблем? Дали е лут или разочаран? Дали му се случило нешто што го извадило надвор од колосек? Доколку поминува низ тежок период, ќе можете да го забележите тоа благодарение на неговото чудно однесување.

7. Целосно се затвораат

Ниту еден комуникативен маж нема да престане да ги изразува своите чувства и желби, без особена причина. Токму затоа, чудно ви е кога ќе ве исклучат од животот, бидејќи мислите дека не се грижат за вас и тоа ве повредува. Доколку забележите дека вашиот партнер премногу се затвора и ве оттурнува од себе, најверојатно се соочува со некој голем проблем. Наместо да му се лутите, дајте му простор и покажете му дека секогаш ќе бидете тука за него.

Механизмите за справување со емоциите што ги користат мажите воопшто не се едноставни. Но, доколку сакате да имате успешна врска, најдобро е да откриете каков механизам користи вашиот партнер. Тоа ќе ве поштеди од многу непотребни фрустрации и недоразбирања што можат да доведат до раскинување. Не заборавајте дека комуникацијата е двонасочна улица!

Прочитајте ја и вистинската причина зошто мажите успеваат да ги изиграат жените со кои започнале врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар