Мажи со брада: ЗА и ПРОТИВ
Еве нов збор кој ги заменува досега актуелните метросексуалци, дами и господа, ви ги претставуваме ламберсексуалците, популарно наречени „урбани дрвосечачи“ (анг. lumberjack или дрвосечач). Урбано, би ги дефинирале како метросексуалци кои сакаат да имаат одредена црта која ќе ги карактеризира како помажествени, па затоа растат совршено средена и потстрижана брада, обично во комбинација со залижана коса наназад.
Да, моментално се во тренд во случај да не сте забележале. Така, кај нас девојките се наметнува прашањето: Би излегувала ли јас со момче со подолга брада? Девојки, доколку сте пред таква дилема, а вие момци доколку се двоумите дали да растете брада, еве кои би биле дел од многуте „за“ и „против“ долга брада.
ЗА: Тие се мажествени
Едноставно брадата ги прави да изгледаат помажествени. Само за пример, споредете слика од некој маж на која има брада со слика на која нема. Жените ги привлекуваат мажествени и мачо типови, а брадата го има тој ефект.
ПРОТИВ: Изгледаат многу ѕверски
Во негативна смисла. Не, не мислиме на бајката „Убавицата и ѕверот“, туку на пештерски нецивилизирани луѓе кои можат да наштетат некому без око да им трепне. Да, признаваме, иако е секси, брадата е по малку и страшна.
ЗА: Ги плашат лошите момци
Кога веќе рековме дека овие момци изгледаат по малку ѕверски, сепак, добрата страна е дека со тоа ги плашат оние лоши момци кои би можеле да ни наштетат. Да, брадата го има тој ефект кај другите. Момците со брада кои под рака држат девојка обично оставаат впечаток: „Допри ја и ќе те згазам!“
ПРОТИВ: Ги плашат малите деца
За жал. Ние девојките сакаме кога момците си играат со мали деца. Тоа во нас го буди мајчинскиот инстинкт и веднаш ги гледаме како потенцијални татковци во иднина. Но, големата брада најчесто ги расплакува малите деца.
ЗА: Навистина е тренди
Брадата моментално е „ин“. Дечко со брада остава впечаток на современ, урбан младич кој е во тек со модата и се грижи за својот изглед.
ПРОТИВ: Брадата не е пријатна за неговата партнерка
Тоа иритирачко чувство кога ве боцка неговата брада од три дена… помножете го со 10 доколку дечкото има подолга брада.
ЗА: Зрелост и самодоверба
Нема сомневање, долгата брада е знак на зрелост. Со брада момците изгледаат во просек неколку години постари, а тоа за маж е комплимент бидејќи девојките сакаат зрели момци. Исто, дечко кој има долга брада покажува дека има самодоверба бидејќи не се срами ни плаши да биде уникатен и необичен.
ПРОТИВ: Ароганција
Но, исто така остава впечаток на арогантен тип кој не го интересира ништо освен она што директно го засега него. Покрај ваков дечко кој „вришти“ за внимание, неговата девојка ќе мора да се потруди некогаш и таа да е во центарот на вниманието и да се „носи“ со неговата уникатност и неговиот урбан, „искулиран“ стил, што може да биде и напорно.
П.С. Да не заборавиме, жените секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието, па зошто би им го одзеле тоа?
ЗА: Остава впечаток на уметничка душа и интелектуалец
А ние жените (макар повеќето) го сакаме тоа. Уметничките души секогаш се карактеризираат со доза таинственост и мистичност, не може да им влезете во главите каде има еден сосем друг свет. И навистина не знаеме зошто (можеби поради тоа што изгледаат позрело), но момците со брада оставаат впечаток на интелектуалци.
ПРОТИВ: Може да има проблеми со наоѓање работа
Од друга страна пак, не секој брадата ја гледа како знак на висок интелект, напротив. За многу работни позиции не се погодни мажите со брада, особено оние кои бараат постојан контакт со луѓе. Секако, да не го заборавиме и фактот што брадата веднаш ве асоцира на човек кој е тешко навлезен во некои секти или радикални теории, а работодавците би сакале да го избегнат тоа.
П.С. Не само работодавците, нажалост и вашето семејство.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.