Мантри за среќа: Две моќни реченици што ќе ја направат 2020 вашата најдобра година!
Начинот на кој се однесувате кога ќе се најдете во непредвидливи ситуации одредува дали ќе бидете херој или жртва во вашиот живот. Доколку вака се поставите во сите животни превирања, неговиот квалитет драстично ќе се подобри, а за да ги почувствувате промените потребно е време. Нека наредната година биде година на промените.
Прва мантра: Јас сум херој во сопствениот живот!
Секој ден со себе носи непредвидливи нешта. Може да ви се случат разочарувања, лоши вести или што било друго. Но, од вас зависи како ќе одговорите на сето тоа.
Ако при соочување со секој проблем одговарате со реченицата: „Јас сум херој во сопствениот живот“ на вашата потсвест ѝ испраќате порака дека сте ментално силни.
Одлуката да бидете херој во сопствениот живот значи самите да си го поставите вистинското прашање кога ќе наидете на проблеми. Запрашајте се што може да направите во однос на проблемот, наместо да се сожалувате себеси или да ја согледувате вината во некој друг.
Оваа мантра треба да ве потсетува дека изборот зависи само од вас. Среќата, успехот или пропаста ги избираме сами. Може да постигнете сè што ќе посакате, но пред сè треба позитивно да размислувате.
Втора мантра: Јас можам сè што ќе посакам!
Направете сè за да испробате нови нешта. Често се плашиме да излеземе од зоната на комфорот поради нашиот страв кој е неоснован, затоа секогаш обидувајте се да правите нешта што порано не сте ги правеле.
Доколку не се обидете нема ни да знаете што и колку можете. Не може да бидете писател ако ништо не пишувате, продавач ако ништо не продавате или танчар кој не танцува. Нема да успеете ако не се обидувате.
Вашата потсвест може многу да ви помогне. Ако ја храните со позитивни мисли, тоа ќе се одрази и на вашиот живот. Родени сме без ограничувања и со можност да оствариме сè што ќе си зацртаме, а пречките ги создаваме самите со нашите негативни мисли.
Нека следната година ви биде во знакот на позитивните нешта. Почнете со воведување на овие мантри во својот живот и неговиот подобар квалитет нема да изостане. Ако ги усвоите овие правила уште денес, наредната година сигурно ќе биде ваша.
Доколку сакате, може да прочитате и за петте собни растенија што привлекуваат пари, среќа и љубов.