Маникир кој ќе биде тренд за оваа есен
Секоја жена и девојка која сака да изгледа убаво, знае дека ноктите се неизбежен детаљ кој ќе го надополни секој изглед. Стилизираните нокти се симбол за женственост и софистицираност. Затоа не е чудно што понекогаш дамите се препознатливи по тоа како изгледаат нивните раце. Можеби шминката и фризурата се оние кои го одредуваат вашиот стил, но обликот, должината и изборот на маникирот се неизоставен аксесоар и украс на една дама. За оваа есен во тренд се темните и металик нијанси, но и по малку екстравагантните и живи бои. Погледнете кои се задолжителни трендови за оваа есен кога се во прашање ноктите.
1. Аквариумски нокти
Овој маникир ги полуде девојките ширум светот, а ноктите изгледаат како нешто да плива во нив. Акрилните вештачки нокти се дупчат, а потоа се полнат со масло и светки, за секој нокт да изгледа како мал аквариум. Овој маникир е забавен, креативен и имагинативен. Забележан е на сите модни недели, па многу е јасно дека овој тренд ќе биде секојдневие на улиците оваа есен.
2. Маникир со водени бои
Пастелните бои се дефинитивно заштитен знак на пролетта, но без сомнение ќе бидат популарни и оваа есен, а ќе ги носиме на сè – на облеката, модните детали, обувките, но и на ноктите! Ако темниот маникир не ви се допаѓа и ви изгледа монотоно, тогаш дефинитивно ќе ги обожавате овие живи и силни бои. Како опција можете да изберете темен гел, а врвовите да ги ишарате со светли бои како розова, жолта, црвена и сина.
3. Пруги
За оние девојки кои сакаат поедноставни варијанти кои секако привлекуваат внимание, но не се премногу нападни, тогаш одличен избор се пругите.
4. Металик омбре
Без разлика дали сакате сјајни, темни, златни или сребрени нијанси, овој футуристички маникир ќе биде голем тренд за оваа есен.
5. Крем нијанса
За оние дами кои сакаат едноставност, природен изглед на ноктите и елегантност, добрата вест е дека и оваа есен едноставниот маникир повторно ќе биде во мода. Ако сакате ноктите да изгледаат повпечатливо секогаш можете да додадете некој циркон или сликичка.
6. Тиквата како инспирација
Сите нијанси на портокаловата дефинитивно ги заменија црвените нијанси, па и оваа есен ќе доминираат баш таквите тонови. Овој маникир инспириран од тиквите е одличен за „Ноќта на вештерките“, која пополека се приближува.