Магичен колач: Една смеса за 3 фантастични слоја

Магичен колач: Една смеса за 3 фантастични слоја

Овој десерт го добил своето име затоа што во текот на печењето неговата структура се одвојува и се создаваат 3 различни слоја. Најгорниот е сунѓерест слој, а другите два се превкусен крем. Иако изгледа комплицирано, подготовката е неверојатно едноставна.

Магичен колач: Една смеса за 3 фантастични слоја

Потребни состојки:

  • 5 јајца
  • 150 грама шеќер
  • 2 лажици вода
  • 150 грама маргарин
  • 150 грама брашно
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 прстофат сол
  • 600 милилитри млеко

Начин на подготовка:

  • Одвојте ги белките и жолчките од јајцата. Во садот со жолчките додајте вода и шеќер и мешајте додека не се стопи шеќерот. Потоа додајте го и ванилиниот шеќер.
  • Претходно стопениот и изладен маргарин додајте го во смесата и мешајте. Притоа постепено додавајте ги брашното и солта.
  • Кога ќе добиете хомогена смеса додајте го и млекото.
  • Измешајте ги белките во друг сад и постепено додавајте ја смесата во онаа со жолчките.
  • Обложете ја тавата со хартија за печење или добро премачкајте ја со маргарин. Истурете ја смесата во неа. Ставете ја во претходно загреана рерна на 160 степени и печете 50 минути.
  • Откако ќе се испече, оставете го колачот да се излади, па посипете го со шеќер во прав.

Добар апетит!

Пробајте го и овој колач со јагоди во чашка кој е готов за 10 минути.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар