Мафини со боровинки

Мафини со боровинки

За подготовка на мафини постојат безброј различни рецепти и комбинации, но оваа со боровинки е навистина највкусна…Мафини со боровинкиПотребни состојки за тесто:

  • 200 г интегрално брашно
  • 50 г овесни снегулки
  • 120 г шеќер
  • 100 г кафеав шеќер
  • 7 г прашок за печиво
  • 2 јајца
  • 180 мл масло за готвење
  • 225 мл млеко
  • 250 г боровинки
  • цимет

Потребни состојки за кремот:

  • 200 г путер
  • 200 г шеќер во прав
  • 1 ванилин шеќер
  • 200 г кремсир
  • боровинки за украсување

Начин на подготовка: За подготовка на тестото најпрво треба да ги одвоите сувите и мокрите состојки. Сувите состојки измешајте ги во еден подлабок сад, а мокрите најпрво измешајте ги сите заедно со миксер, па потоа додајте ги со сувите состојки. На крај, мешајќи со лажица додадете ги боровинките.

Околу 4/5 од калапите за мафини или книжните корпи наполнете ги со подготвената смеса и печете ги околу 25 минути на температура од 180 до 200 Целзиусови степени.

За подготовка на кремот, најпрво растопете го путерот мешајќи го со миксер, додавајќи ги во него ванилиниот и шеќерот во прав. Потоа во смесата рачно почнете да го мешате и кремсирот. Смесата оставете ја во фрижидер да се олади, па потоа ставете ја во шприц за украсување и нанесете ја на мафините. На врвот додајте по некоја свежа боровинка.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар