Љубовните фази во врската прикажани преку мобилните

Љубовните фази во врската прикажани преку мобилните

Во доба на дигитална љубов, мобилниот телефон на вашиот партнер знае повеќе за вашиот љубовен статус од неговиот најдобар пријател, а богами и од вас. Откријте во која фаза на дигитална интимност се наоѓа дечкото кој ви се допаѓа.

1-ljubovnite-fazi-vo-vrskata-prikazhani-preku-mobilnite-kafepauza.mk

1. фаза: Ви го зачувал бројот во неговиот именик (името + детали)

Пример: Сања – слатка или Кате – свирка. Која било комбинација на името и дополнителниот опис покажува дека само што сте се запознале и веројатно сѐ уште не знае (или не го интересира) како се презивате. По некое време или на ова двајцата ќе се смеете или ќе биде заборавено со првите знаци на мамурлакот следното утро.

2. фаза: Користи емотикони

На почетокот на нов флерт емотиконите ги пополнуваат празнините во текстот. Тој сѐ уште не е сигурен за ситуацијата, а ни во себе за да би комуницирал со вас без помош од слатките сликички. А кога ќе дојде моментот кога ќе сака да ви каже „Многу ми се допаѓаш“, емотиконите со срценца наместо оние со очиња ќе му помогнат да ја заврши таа незгодна задача.

3. фаза: Ви праќа календарски покани

Во оваа фаза на врската, неговите СМС-и пристигнати доцна во ноќта доаѓаат со покани кои директно се вградуваат во вашиот календар. Ова бара планирање и организација, два збора кои тешко со врзуваат со кежуал секс. Ако тој ве обележува во својот календар, внимавајте, работите стануваат сериозни.

4. фаза: Разговорот се префрла на Фејстајм

Факт е дека момците не сакаат долги разговори преку телефон. Ако ве бара преку Фејстајм, вашата врска станува голем работа. Значи, не ви ѕвони за да утепа време додека се враќа со автобус од работа, туку навистина сака да ве чуе, и уште поважно – да ве види.

5. фаза: Вие сте на неговиот ФБ профил

Ви честитаме, вие сте официјално во врска. На својот профил ставил нова фотка на која е со вас. Тоа значи дека тој е ваш и според него во ред е и другите да го знаат тоа, вклучително и сите жени кои ги познава. Овој момент значи дека тој станал посветен на вашата врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар