Летна салата со домати, пченка и рукола

Летна салата со домати, пченка и рукола

Автор: Ана Кафе

Слатката свежа пченка го балансира вкусот на налутникавиот вкус на руколата. Доколку немате доволно време, замрзнатата или пченката од конзерва може да го долови истиот ефект.

Летна салата со домати, пченка и рукола

За шест порции од ова освежително и необично, а истовремено и нискокалорично гурманско искуство, потребни ви се:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици балсамиран оцет
  • 1/2 лажичка сенф
  • 1/4 лажичка сол
  • 1/8 лажичка бибер
  • 2 лажици крупно исечкан босилок
  • 1 кг домати
  • 2 кочани пченка (или 300 грама зрна)
  • 80 грама рукола
  • 1 црвен кромид исечкан на тенки резанки (на сликата е ситно сечкан)

Во длабок сад измешајте ги заедно маслото, оцетот, сенфот, солта и биберот. Додајте го босилокот. Додадете ги доматите, пченката, руколата и кромидот. Измешајте.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар