Летен моден тренд: Совршени комбинации со пруги

Летен моден тренд: Совршени комбинации со пруги

Пругите често ги бие лош глас бидејќи познато е дека не ѝ се добар пријател на фигурата, односно визуелно прошируваат. Меѓутоа, со паметен стајлинг и неколку добри совети, тие не само што можат да ја истакнат добрата фигура, туку и да трансформираат најобично парче облека во најнеобичен и интересен тренди аутфит. Клучот е да го познавате сопственото тело и моделите кои најдобро ви стојат, а потоа пругите паметно да ги искомбинирате со остатокот од облеката и модните додатоци.

1-leten-moden-trend-sovrsheni-kombinacii-so-prugi-kafepauza.mk

1. Облекувајте се според обликот на вашето тело

Сите знаеме дека пругите можат да прошируваат и понекогаш да го нагласат она што сакаме да го сокриеме, но тоа може да се искористи и во своја полза. Ако не сте баш надарени во делот кај градите, облечете маичка во хоризонтални пруги. Ако сакате да додадете малку волумен во пределот кај рамниот задник, одлучете се за мини здолниште во пруги. Исто така, вертикалните пруги можат да ви помогнат да го продолжите телото и привидно да изгледате послаби, што значи дека фустан или пантолони со вакви пруги можат и тоа како добро да ве послужат.

2-leten-moden-trend-sovrsheni-kombinacii-so-prugi-kafepauza.mk 3-leten-moden-trend-sovrsheni-kombinacii-so-prugi-kafepauza.mk

2. Колку пошироки пруги, толку повеќе окото ќе се успори и ќе се фокусира на нив

Тоа значи дека привидно ќе изгледате пошироко. Што се потенки пругите пак, толку ќе биде потешко фокусот да биде само на една линија, што значи дека ваквите хоризонтални пруги почнуваат да изгледаат како вертикални – окото се поместува горе-долу наместо лево-десно, а тоа ве издолжува и ве прави послаби.

4-leten-moden-trend-sovrsheni-kombinacii-so-prugi-kafepauza.mk 5-leten-moden-trend-sovrsheni-kombinacii-so-prugi-kafepauza.mk

3. Балансирајте

Однесувајте се кон пругите како и кон кој било друг дезен – тие треа да нагласат одредена комбинација, а не да преовладуваат. Ако имате маица или блуза на пруги, искомбинирајте ја со пантолони или сукња во една боја. Ако сте се одлучиле за пругаст фустан, остатокот од изгледот нека биде неутрален и дискретен. Комбинирањето на повеќе дезени не е исклучено, но сепак зависи од самите нив. На пример одлично ќе искомбинирате топ во ситни црно-бели точки и сукња на широки пруги во црно-бела варијанта, која одлично функционира бидејќи се работи за исти бои, но различни дезени.

6-leten-moden-trend-sovrsheni-kombinacii-so-prugi-kafepauza.mk 7-leten-moden-trend-sovrsheni-kombinacii-so-prugi-kafepauza.mk

4. Носете пруги во различни бои

Пругите не мора да бидат двобојни. Моментално многу се тренди пругите во различни бои, без разлика дали се работи за маица, сукња или фустан.

8-leten-moden-trend-sovrsheni-kombinacii-so-prugi-kafepauza.mk 9-leten-moden-trend-sovrsheni-kombinacii-so-prugi-kafepauza.mk

5. Почнете со помалку

Ако сѐ уште не сте уверени дека пругите се добар избор за вас, обидете се да ги носите како моден додаток – балетанки, чанти, ремени или марами. Така секако ќе имате парче од најпопуларниот дезен ова лето и ќе бидете апсолутно во тренд.

10-leten-moden-trend-sovrsheni-kombinacii-so-prugi-kafepauza.mk 11-leten-moden-trend-sovrsheni-kombinacii-so-prugi-kafepauza.mk

Погледнете уште модни комбинации со пруги.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар