Летен хит: шорцеви за секси изглед
Шорцевите веќе не се парче облека за опуштено издание, туку моден хит кој ова лето ги замени кратките здолништа. Тие можат да се носат во различни стилови и за различни намени. Иако со нив ги откривате скоро целите нозе, кога се одлично искомбинирани, тие воопшто не се сметаат за непристојни и вулгарни.
Шорцеви со висок струк
Овие шорцеви се совршени за жени кои негуваат ретро стил и кои сакаат да го нагласат својот струк. Ваквиот вид шорцеви многу лесно може да се искомбинира и за свечени и за лежерни прилики.
Шорцеви со дезени
Оваа година во мода се материјали со различни принтови мотивирани од флората и фауната, како и риги, точки или некои апстрактни егзотични мотиви. Овие модели најчесто се наменети за носење во слободно време и за лежерно уживање.
Сако во комбинација со шорцеви
Доколку одите на работа во сако, пробајте да го искомбинирате со елегантни шорцеви. Оваа комбинација можете да ја искористите и за деловни состаноци, коктели и слични настани.
Комбинација за ноќно излегување
Доколку сакате да експериментирате со стиловите и доколку сте љубители на малку поекстравагантни комбинации, особено за вечерно излегување, краткиот шорц во комбинација со интересна блуза или кошула е дефинитивно вистинскиот избор за вас.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.