Лепчињата со банани и мед на Џејми Оливер

Лепчињата со банани и мед на Џејми Оливер

Сладок домашен леб по рецепт на најславниот готвач во светотЛепчињата со банани и мед на Џејми ОливерПотребни состојки:

  • 1 кг брашно
  • 6 банани
  • 8 супени лажици мед
  • една рака бадеми, кршени или сечкани
  • млака вода
  • 30 грама квасец
  • една супена лажица сол

Начин на подготовка:

Бананите ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете течна смеса. Ставете ги во сад за мерење и додавајте млака вода додека не добиете мешавина од 625 мл. Оваа смеса искористете ја наместо вода кога ќе го замесите лебот, а при месењето додајте ги бадемите и половина од медот. Кога тестото ќе стаса, направете десет помали векни и намачкајте ги одозгора со останатиот мед. Печете на температура од 190 степени околу 20 минути, додека лепчињата не добијат убава златна боја. Најдобро е да ги послужите додека се топли.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар