Ледени чоко-сендвичи со фил од сладолед

Ледени чоко-сендвичи со фил од сладолед

Летен ајс десерт за освежување во жешките денови

Ледени чоко-сендвичи со фил од сладолед

Потребни состојки за 8 ледени сендвичи:
За орео колачињата:
  • 230 грама несолен путер (стопен)
  • 650-700 грама шеќер
  • 3 кафени лажички ванилин шеќер
  • 180 грама полублаго чоколадо за готвење (стопено)
  • 1 јајце
  • 150 грама брашно
  • 350-400 грама незаблажено какао во прав
  • ½ кафена лажичка сода бикарбона
  • 1 кафена лажичка сол
За сендвичот:
  • Сладолед од ванила
  • Прелив од карамела и топол чоколаден прелив

Ледени чоко-сендвичи со фил од сладолед

Начин на подготовка:

1. Во еден сад мешајте ги путерот и шеќерот додека не се соединат. Потоа ставете ги ванилиниот шеќер и стопеното чоколадо. На крај додадете го и јајцето, и мешајте ги сите состојки додека убаво не се соединат.

2. Во друг сад, помешајте ги брашното, какаото, сода бикарбоната и солта. Откако состојките ќе се соединат, претурете ја целата смеса во првиот сад. Добиената мешавина ќе потсетува на пластелин. Покријте го садот со пластична фолија и ставете ја смесата во фрижидер да се олади 1 час.

3. Ставете ја смесата на хартија за готвење и со помош на вашите раце, притоа притискајќи ја со хартијата, обликувајте ја во форма на цилиндар.

4. Така направениот цилиндар оставете го да се олади во фрижидер барем 2 часа. Тоа би требало да биде доволно време за да можете да го исечете тестото на крукчиња, без да ви се распадне.

5. Загрејте ја рерната на 160 степени. Во тава постелете две парчиња хартија за печење, потоа исечете го цилиндарот на еднакви кружни парчиња, наредете ги на тавата и пикнете ја во рерната. Печете ги околу 20-25 минути и редовно проверувајте ги за да не ви загорат. Откако ќе се испечат орео колачињата, оставете ги настрана убаво да се оладат.

6. Додека колачињата се ладат, извадете го сладоледот од ванила од ладилникот и оставете го десетина минути малку да се одмрзне. Приготвените орео колачиња се многу кревки, поради што е многу битно сладоледот да биде прилично мек пред да го нанесете на нив. Нанесете сладолед на едно колаче, кое потоа ќе го притиснете со друго колаче одозгора. Повторете ја постапката за сите преостанати сендвичи.

7. Завиткајте го секој ајс сендвич во хартија за печење, наредете ги во една тацна и оставете ги во замрзнувачот сè до нивното послужување. Кога ќе сакате да ги послужите, прелијте ги со прелив од карамела и стопено жешко чоколадо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар