Латино кујна: Рецепт за превкусна супа која со часови ќе ве држи сити
Гватемалската кујна е една од најдобрите кујни во Латинска Америка, а настанала како резултат на влијанието на Маите и Шпанците. Плодната вулканска почва е идеална за одгледување на разновидни овошја и зеленчуци, а кафето, какаото и авокадото се најчестите намирници во секојдневната исхрана на овој народ.
Еден од специјалитетите во оваа кујна се супите во кои се додаваат намирници како грав и киноа, а освежителната нота се постигнува со додавање лимета и коријандер. Тие се одликуваат со многу протеини и здрави масти па затоа ќе ве држат сити долго време.
Потребни состојки:
- 4 чаши пилешка супа
- 1 шолја киноа
- 2 чаши варен грав
- 1 чаша пченка
- 1/3 чаша излупени домати
- 1 авокадо
- ¼ чаша коријандер
- 1 парче лимета
Начин на подготовка:
1. Во големо тенџере на силен оган сварете ја супата. Додадете ја киноата, намалете ја температурата и продолжете да готвите уште 15 минути без да го покриете тенџерето.
2. Додадете ги пченката, гравот и излупените домати, па намалете ја топлината. По неколку минути тргнете ја супата од оган и додадете ги парчињата авокадо. Посолете и додадете коријандер. Послужете со парчиња лимета. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот рецепт за супа која е богата со протеини и здрави масти, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за крем супа која ги исфрла сите токсини од телото.
Извор: punkufer.dnevnik.hr