Кулинарски традиции од цел свет: 5 неодоливи јадења без месо кои вреди да ги испробате

Кулинарски традиции од цел свет: 5 неодоливи јадења без месо кои вреди да ги испробате

Секоја култура си има свои вегетаријански јадења кои ја нагласуваат локалната храна. Јануари е прогласен за месец за промовирање на вегетаријанската исхрана бидејќи во овој период повеќето се придржуваат до своите новогодишни одлуки.

Кулинарски традиции од цел свет: 5 неодоливи јадења без месо кои вреди да ги испробате

Во продолжение прочитајте за некои од најинтересните вегетаријански јадења во светот.

Мухамара, Сирија

Мухамара е намаз кој е карактеристичен за арапската кујна и претставува мешавина од црвени пиперки, пржени ореви, маслиново масло, лебни трошки и таан. Совршено одговара со топло парче леб и е идеален избор за појадок.

Кулинарски традиции од цел свет: 5 неодоливи јадења без месо кои вреди да ги испробате

Ајапсандали, Грузија

За време на студените месеци ништо не може да ја замени топлата чорба или манџа. Таков пример е и ајапсандали, грузиско јадење кое се состои од кромид, лук, модар патлиџан, пиперки, чили пиперки и домати. Сите овие состојки го прават јадењето да биде полно со антиоксиданси и богато со вкусови. Листовите од коријандер пак, му даваат нота на свежина.

Кулинарски традиции од цел свет: 5 неодоливи јадења без месо кои вреди да ги испробате

Чана Масала, Индија

Сложените и мистични вкусови кои се карактеристика на индиската кујна особено доаѓаат до израз во веганското јадење чана масала. Ова јадење се состои од ориз прелиен со мешавина од наут, домат, ѓумбир, чили и сос од куркума. Во сосот се додаваат цимет, гарам масала, доматно пире и кардамон. Резултатот е комбинација од зачини кои му даваат на јадењето посебен вкус.

Кулинарски традиции од цел свет: 5 неодоливи јадења без месо кои вреди да ги испробате

Табуле, Либан

Станува збор за варен булгур измешан со сечкани домати, краставици и млад кромид, а посебна свежина му даваат нането и сечканиот магдонос. Сосот се состои од маслиново масло, лук и сок од лимон, а резултатот е јадење кое ќе ви даде чувство на свежина и енергија.

Кулинарски традиции од цел свет: 5 неодоливи јадења без месо кои вреди да ги испробате

Мајак Кимбап, Јужна Кореја

Ова јадење е совршен здрав оброк и е многу популарна улична храна во Јужна Кореја. Се состои од ориз и тенко исечени даикон ротквици, моркови и спанаќ завиткани во ролни од сушени алги. Ролничките се преливаат со масло од сусам и се јадат потопени во соја сос, оризов оцет и сенф.

Кулинарски традиции од цел свет: 5 неодоливи јадења без месо кои вреди да ги испробате

Откако ја прочитавте нашата листа со 5 јадења без месо од различни кулинарски традиции, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за вегански бургери од наут и тиква.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар