Кујнски трикови за супер-домаќин(к)и! - Part 2

Кујнски трикови за супер-домаќин(к)и!

Употребете малку сол при варењето ако сакате вашите тврдо варени јајца лесно да се лупат

Ако сакате да не се мачите при лупењето на јајцата, пред да ги ставите да се варат, во водата ставете мала лажичка сол.

Како најдобро да го исчистите вашиот блендер?

Откако ќе завршите со обработка на вашата храна, ставете во него топла вода и неколку капки детергент за миење садови. Затворете го и пуштете го да работи 10 секунди. Потоа само исплакнете го и оставете го да се исуши.

Како да направите лебни трошки?

Ако дома имате остатоци од леб или кифли, а не сакате да ги фрлите, тогаш замрзнете ги во ладилник ставајќи ги во пластично вакуум ќесе. Потоа извадете ги од ладилникот и иситнете ги со вашиот блендер. Така ќе имате лебни трошки за следното готвење.

Како најдобро да го исцедите лимонот?

Шефовите советуваат да го ставите лимонот во микробранова печка на 10 секунди. Потоа извадете го лимонот на кој растителните клетки му се веќе распаднати и може да исцедите поголема количина од сокот кој го содржи.

Изрендајте го путерот со ренде наместо да го ставите издробен на парчиња во смесата за пита

Наместо да го исечкате на парчиња, путерот при правење на пита може да го додадете во брашното изрендан на ренде. Но внимавајте, за да го употребите на овој начин, најпрво треба да го замрзнете за полесно да се ренда.

Додадете им вкус на вашите чорби употребувајќи го виното што ќе ви остане

Замрзнете го преостанатото вино од забавата во калап за лед. Коцките замрзнато бело вино може да ги употребите за супи и чорби, а замрзнатите коцки црвено вино може да ги додадете во манџите со домати и говедско месо.

Можеби сакате да дознаете и како да подготвите колач од топло млеко.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар