Крвна слика: Кои вредности се нормални?
Колку и да ви е страв од игли или земање крв, одењето во лабораторија е неопходно за дијагностицирање на речиси сите болести. Анализата на крвта дава увид во здравјето на организмот, а во продолжение погледнете кои вредности се нормални.
КОМПЛЕТНА КРВНА СЛИКА
Комплетната крвна слика е основна лабораториска анализа на крвта со која се проценува општата здравствена состојба и се откриваат разни нарушување како анемија, инфекции, вирусни заболувања, ухранетост на организмот и изложеност на отровни материи. Со оваа анализа се добива увид за бројот и квалитетот на ертитроцитите, тромбоцитите и леукоцитите.
Ертитроцити (Er)
Црвените крвни зрнца се клетки кои го содржат хемоглобин и кои учествуваат во разнесувањето на кислородот и јаглеродниот диоксид во организмот.
Референтни вредности:
М 4,5-6,3 х 10 на 12/l
Ж 4,5-5,4 х 10 на 12/l
Зголемен број: Дехидратација, полицитемија (ретко заболување)
Намален број: Еден од показателите за анемија, заедно со хематокритот, хемоглобинот и ертитроцитните константи
Леукоцити (Le)
Белите крвни зрнца се создаваат во коскената срж и нивната цел е заштита на организмот од инфекции. Секој одреден вид леукоцити (ги има 5) има посебна функција којашто се гледа од формулата која се прави независно од крвната слика, а се препорачува како задолжителна и ја дополнува сликата за состојбата на организмот.
Референтни вредности: 4-10 х 10 на 9/l
Зголемен број: Бактериска инфекција
Намален број: Леукоцитоза, вирусно заболување, кај хемотерапија, употреба на одредени лекови
Хемоглобин (Hb)
Хемоглобинот е состојка на ертитроцитите и претставува протеински комплекс кој го пренесува кислородот од белите дробови во ткивата, а јаглеродниот диоксид од ткивата назад во белите дробови.
Референтни вредности:
М 149-180 g/l
Ж 120-160 g/l
Намален број: Анемија
Хематокрит (Htc)
Хематокритот го претставува волуменот на ертитроцити во единица крв.
Референтни вредности:
М 0,40-0,50 L/l
Ж 0,35-048 L/l
Зголемен број: Полицитемија (ретка болест која се појавува кај постарите луѓе)
Намален број: Дехидратација, анемија
Тромбоцити (Tr)
Тромбоцитите се крвни плочки кои ја згуснуваат крвта.
Референтни вредности: 150-400 х 10 на 9/l
Зголемен број: Тромбоза (спонтано згрутчување на крвта)
Намален број: Автоимуни заболувања, спонтани крвавења, после трансфузија на крв
Ертитроцитни константи
Во целосната крвна слика се прават и таканаречени ертитроцитни константи кои даваат увид за квалитетот на ертитроцитите.
MCV (mean cell volume) – големина на ертитроцитите
MCH (mean cell hemoglobin) – просечно количество на хемоглобин во ертитроцитите
MCHC (mean cell hemoglobin concentration) – просечна концентрација на хемоглобинот во ертитроцитите
RDW (red cell distribution width) – распределба на ертитроцитите по волумен
Тромбоцитни константи
Тромбоцитните константи даваат информации за морфолошките особини на тромбоцитите, нивниот волумен и големина.
MPV (mean platelet volume) – распределба на тромбоцитите по волуменот
PDW (platelet distribution width) – просечен волумен на тромбоцитите
Седиментација (Se)
Седиментацијата на ертитроцитите не влегува во целосната крвна слика, но е препорачлива. Укажува на многу можни болести и се следи кај сите заболувања. Оваа вредност ја покажува брзината со која ертитроцитите се таложат на дното на исправена епрувета. Нормалната брзина го исклучува постоењето на болести, додека забрзаноста е знак за понатамошни истражувања.
Референтни вредности:
М (20-50 години) 3-13 mm/h
M (над 50 години) 2-23 mm/h
Ж (20-50 години) 4-24 mm/h
Ж (над 50 години) 5-28 mm/h
Зголемување: Во случај на инфекција
ЛЕУКОЦИТАРНА ФОРМУЛА
Леукоцитарната формула подразбира број на поединечни групи, односно клетки на леукоцити. Постојат три главни видови леукоцити – гранулоцити (неутрофилни, базофилни и еозинофилни), моноцити и лимфоцити.
Неутрофилните гранулоцити, заедно со моноцитите го сочинуваат основниот одбранбен механизам на организмот.
Неутрофилни гранулоцити
Референтни вредности: 40-75%
Зголемен број: Бактериски инфекции, траума, изгореници, инфаркт. Значајно се зголемени и кај леукемијата и проширените малигни заболувања
Намален број: Вирусна инфекција, туберкулоза, артритис, нарушување на коскената срж, недостаток од витамин Б12
Лимфоцити
Лимфоцитите произведуваат антитела и учествуваат во одбраната од вируси.
Референтни вредности: 20-45%
Зголемен број: Вирусни инфекции, токсоплазмоза, бруцелоза
Намален бој: Кај лекување со кортикостероиди, инфилтрација на коскената срж, СИДА, кај лекување со радиотерапија и хемотерапија
Еозинофилни гранулоцити
Еозинофилните гранулоцити учествуваат во одбраната од алергените и паразитните инфекции.
Референтни вредности: 2-4%
Зголемен број: Астма, алергија, егзема, зрачење, кај заздравување од инфекција.
Моноцити
Моноцитите се најголемите крвни клетки и тие се како „собирачи“ на мртвите клетки.
Референтни вредности: 2-10%
Зголемен број: Акутни и хронични инфекции, малигни болести
Базофилни гранулоцити
Базофилните гранулоцити се најмалку застапена група на леукоцити и учествуваат во алергискиот одговор на организмот.
Референтни вредности: 0-1%
Зголемен број: Вирусни инфекции, уртикарија, после хемолиза и отстранување на слезината