Краток IQ тест за врската или бракот: Пет прашања на кои (веројатно) ќе одговорите точно

Краток IQ тест за врската или бракот: Пет прашања на кои (веројатно) ќе одговорите точно

Честопати постои голема разлика помеѓу класичниот коефициент на интелигенција на човекот и коефициентот на интелигенција во врската. Сепак, коефициентот на интелигенција на врската не значи дека знаете што треба да направите во одредена ситуација, туку ја означува вашата способност да го засновате своето однесување на она што го знаете. Подолу има прашања поврзани со однесувањето на вашата врска. Ова не е тест чија цел е да провери дали го знаете точниот одговор, туку дали сте во можност да постапите соодветно.

Краток IQ тест за врската или бракот: Пет прашања на кои (веројатно) ќе одговорите точно

1. Кога се расправате со вашиот партнер, најдобро е:

а) да попуштите за мир во куќата

б) уште поупорно да го убедувате вашиот партнер зошто сте во право за да ја разбере вашата позиција

в) внимателно да го слушате партнерот и да се обидете да ја видите ситуацијата низ неговите очи

г) да ги изнесете сличните проблеми од минатото за да му објасните на вашиот партнер дека сте заробени во образец што не функционира

2. Кога вашиот партнер ќе се налути на вас за нешто што вие лично го сметате за мал прекршок, треба:

а) да возвратите во иста мера за да почувствува како е кога некој разговара со него на таков начин

б) да му објасните дека се однесува детски

в) да се свртите и да заминете

г) да му дадете право на таква реакција и да претпоставите дека постои добра причина зошто во моментот се однесува на таков начин

3. Кога ќе направите нешто на што не сте горди, најдобро е:

а) да најдете добар момент и да му кажете на вашиот партнер со надеж дека ќе разбере

б) да го чувате во себе со надеж дека партнерот никогаш нема да дознае

в) да му се доверите на некој пријател за да проверите дали смета дека треба да му кажете на вашиот партнер

г) да им кажете на пријателите затоа што нема да ви судат

4. Кога вашите чувства се повредени од нешто што направил вашиот партнер, најдобро е:

а) да му кажете колку сте лути

б) да му кажете дека вашите чувства се повредени и заедно со вашиот партнер да се обидете да најдете одговор зошто оваа тема е особено чувствителна за вас

в) да го обвините партнерот затоа што ве вознемирил и ви го уништил денот

г) да им се пожалите на пријателите затоа што тие ќе ве разберат подобро од партнерот

5. Кога е очигледно дека сте згрешиле нешто во вашата врска, најдобро е:

а) да се одбраните за да му докажете на вашиот партнер дека постоел контекст поради кој се однесувавте на таков начин

б) да го потсетите партнерот дека правел слични работи во минатото

в) да се извините делумно, но да му дадете до знаење дека вие не сте виновни за сè

г) да кажете: „Да, го сторив тоа и жал ми е. Претпоставувам дека се чувствуваш … поради моето однесување.“

Точните одговори се сосема јасни: в, г, а, б, г.

Сепак, за квалитетот на врската, поважно од препознавањето на точните одговори е колку сте во можност, кога ќе се појават такви ситуации, да ги следите тие точни одговори, односно да го претворите вашиот интелект во акција и да се однесувате во согласност со вашите принципи.

Ова е тоа за што треба да размислите по одговарањето на овие прашања и да се обидете, кога ќе се појави таква ситуација, да постапувате како што мислите дека е исправно.

Имено, не постои тест, па дури ни воспитување дете, што ве предизвикува да живеете според вашите принципи, како што го прави тоа односот со партнерот.

Многу луѓе постигнуваат успех во различни аспекти на животот, а кога станува збор за врските, тие се борат со проблеми.

Затоа, долгите врски се неверојатни полигони кои ви помагаат да станете сочувствителни, пожртвувани, несебични луѓе. Во врската, од суштинско значење е да преземете одговорност за себе и за своите постапки пред да заклучите дека проблемот е во партнерот.

Прочитајте каков љубовник сте според месецот на раѓање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар