Кратко и слатко: Совети за секс набрзина за оние моменти кога сте многу зафатени

Кратко и слатко: Совети за секс набрзина за оние моменти кога сте многу зафатени

Во денешно време ретко кој може постојано да си дозволува романтични вечери и повеќечасовно водење љубов. Токму затоа погледнете ги следниве неколку совети со кои можете да се погрижите дека ќе имате одличен секс набрзина!

Кратко и слатко: Совети за секс набрзина за оние моменти кога сте многу зафатени

1. Почнете со бакнежи

Бакнувањето е процес кој возбудува бидејќи ги буди вашиот нервен и ендокрин систем, па токму затоа ќе ве доведе до хормонално лудило и ќе предизвика страст и желба.

2. Не губете време на целосно соблекување

Во овие моменти не треба да се фокусирате на вашата облека. Ниту вам ниту на вашиот партнер нема да ви смета доколку носите градник или кошула.

3. Менување локации

Сексот набрзина во кревет ќе ви здодее многу брзо, па токму затоа можете да ја однесете акцијата во некоја друга просторија од вашиот дом, како тоалетот или кујната. Бидете креативни во изборот, бидејќи токму овие промени на локацијата водат кон дополнително возбудување.

4. Вклучување фантазија

Фантазијата може да ви помогне многу брзо да се возбудите доколку сте ограничени со време, па токму затоа дозволете таа да се одигра во вашата фантазија и дополнително да ја разгори вашата сексуална желба. Иако лежите на кревет, замислете дека сте на тропска плажа или на друга егзотична дестинација. На овој начин вие целосно ќе се изолирате од сите препреки и ќе можете да се опуштите и да уживате во сексуалниот однос.

5. Вклучете валкано зборување

Поиграјте си со зборовите доколку сакате да го постигнете најголемото задоволство. Не се воздржувајте и кажете ги сите оние нешта кои ви поминуваат низ глава. Употребете валкано зборување и разгорете ја фантазијата на вашиот партнер. Кажете му/ѝ ги сите оние нешта кои сакате тој/таа да ви ги направи, а потоа препуштете им се на страстите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар