Костими за капење што не изгледаат добро на секого
Оваа летна сезона ќе биде преполна со различни опции за костими за капење. Некои ќе им прилегаат на вашето тело, некои не. Тоа што го носат моделите на модните писти, не секогаш изгледа така добро и на вашето тело.
1. Плетен дезен
Плетените костими за капење се купуваат и носат само за сончање, во никој случај за да се плива со нив. Кога ќе се наводенат, се проѕираат, немаат правилен облик и со тоа го изобличуваат телото.
.
2. Бикини со висок струк
Ова е модниот крик оваа сезона. Изгледаат феноменално, но не на сечие тело. Оние кои се поплонички во пределот на стомакот, овие бикини ќе ја нагласат таа нивна карактеристика, додека на оние со рамен стомак, кои сепак сакаат да сокријат поголем дел од него, одлично ќе им прилегаат.
.
3. Костими за капење со принтови
Одбегнувајте костими за капење со големи принтови сконцентрирани само на еден дел, во случајов кај градите. Нив сакате да ги покажете, а не да ги сокриете кога сте на плажа. Не предизвикувајте ги луѓето да се вртат по вас заради погрешната причина 🙂
.
4. Бикини-шорц
И повеќе од јасно е дека не се за секого. За да се решите за вакви бикини, треба многу добро да го познавате сопственото тело. Сигурно не сакате вишокот наслаги околу стомакот или дебелките нозе да излегуваат низ овие припиени шорцеви.
.
5. Костим за капење како долна облека
Разграничете ги костимот за капење од долната облека. Тие се купуваат за две различни цели. Плус тоа, ваков костим за капење е сосема непрактичен, а понекогаш изгледа и смешно на нечие женско тело. Освен ако немате закажано фотосесеија на некоја од плажите, не купувајте го.
.
6. Пресечен едноделен костим за капење
Овие костими за капење се вистински хит во последниве години. Освен ако немате ултратенко и витко тело, овој костим не е препорачлив за вас.
.
7. Едноделни костими за капење
…особено во беж боја. Иако неутралните бои се ин оваа сезона, избегнувајте ја оваа беж варијанта, освен ако не сакате сите да помислат дека сте речиси голи. Причината е едноставна – кога се наводенети се проѕираат.
.
8. Бикини-школки
Тие без исклучок изгледаат лошо на сечие тело. Ако веќе сте ги купиле, гордо закачете ги како украсен декор во вашата соба.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Ништо не им фали на везените и школки бикиниве, баш се супер, немојте да ги лажете девојчињата вака… Може и у беж или бела боја све, многу добро стои! 🙂
А на нудистичка плажа се’ на секому му стои добро. 😀
Божеее па не сум ни знаела дека постојат бикини – школки 😀
I shto, opshtiot zakluchok e deka treba za sekoj kostim da imas vitko telo. -.-
Очигледно -.-