Користењето на овие природни масла може значително да ги намали знаците на стареење
Младешкиот изглед стана императив на денешницата и речиси сите жени се стремат да изгледаат помладо. Според неодамнешното истражување, употребата на кремови, како и посетите на козметичари и естетски хирурзи се зголемени за цели 40 проценти. Жените вложуваат сè повеќе во изгледот, а многумина не се ни свесни дека клучот за убав и негуван изглед се крие во природата. За намалување на брчките и за ублажување на знаците на стареење можете да ги користите маслата од природата. Тие имаат корисен ефект врз кожата, ја хидрираат, го враќаат нејзиниот сјај и на тој начин прават да изгледа младолико. Еве за кои масла станува збор:
1. Масло од семе од грозје
Ако барате масло што лесно се апсорбира во кожата, не остава сјајно лице и чувство на лепливост, обрнете внимание на ова масло. Одлично е за нормална и комбинирана кожа. Ако имате премногу сува кожа, треба да го мешате со мрсни производи: кокосово масло, масло од јојоба и шеа путер.
2. Кокосово масло
Тајната на убавината на жените во Индија се природни масла. Особено кокосовото, кое е главната состојка на многу козметички производи. Тоа помага да се отстранат брчките, правејќи ја кожата мазна.
Најновото истражување потврди дека ова масло има корисен ефект врз изгледот на кожата, природно ја храни и ја негува.
Можете да додадете неколку капки есенцијално масло од сандалово дрво за лекување на проблематичната кожа и за зголемување на нејзината еластичност.
3. Бадемово масло
Ова магично масло го регулира балансот на вода во кожата, го забавува стареењето на клетките и го започнува процесот на нивно обновување.
Бадемовото масло е особено корисно за првут и иритација, а може да се користи и како крем за сончање бидејќи ја заштитува кожата од штетните УВ-зраци. Патем, ако не сакате силни мириси, бадемовото масло е идеален избор за вас. Тоа е неутрално.
4. Масло од сусам
Ова масло продира длабоко во кожата, ја храни и ја хидрира. Го запира предвременото стареење на кожата, а сето тоа благодарение на големата количина масни киселини.
5. Масло од коска од кајсија
Маслото од коска од кајсија е идеална основа за природна нега на кожата. Богато е со гама-линоленска киселина, што ја прави кожата мазна и затегната. Витамините А и Е помагаат во обновувањето на кожата и учествуваат во формирањето колаген кој се бори против брчките.
Ова масло може да се користи за кој било вид кожа, но е особено корисно за хидрирање на сувата кожа.
Прочитајте ги овие трикови како да ја подготвите кожата за сончање и да го зачувате тенот подолго.