Консумирајте ги секојдневно: 7 намирници од кои косата расте брзо и лесно
Поголемиот дел од жените сакаат долга и здрава коса. Покрај шампоните, маските и редовното пострижување на краевите потребна е и соодветна исхрана која ќе ви обезбеди доволно минерали и стимулација за косата да расте побрзо. Па како да го постигнете ова? Прочитајте во продолжение…
1. Лосос
Лососот во себе содржи незаситени Омега-3 масти кои ја зајакнуваат фоликулата на влакното и помагаат во брзото растење на косата. Исто така, во овој вид риба има голема количина витамин Б12 и железо кои ќе ја направат вашата коса поквалитетна.
2. Школки
Школките се златен рудник на цинк кој ќе направи вашата коса да има природен сјај. Тие не се баш за секого, поради интензивниот вкус, но експертите истакнуваат дека е добро барем одвреме-навреме да се консумираат.
3. Пилешко месо
Пилешкото месо содржи доста протеини и директно влијае на произведувањето на кератин – супстанца која создава 80% од содржината на влакната. Експертите советуваат дека покрај пилешкото месо добро е да се консумира и мисиркино месо.
4. Јајца
Јајцата ги содржат сите потребни елементи кои ѝ одговараат на косата, а помеѓу останатото и содржат и биотин. Станува збор за додаток на исхраната кој го регулира губењето на косата. Во јајцата има доста аминокиселини кои ѝ се потребни на косата за цврстина и побрзо растење.
5. Бадеми
Бадемите содржат витамин Е и активно влијаат на растот и јакнењето на влакната. Според советите од докторите на дневно ниво би требало да внесувате околу 30 грама бадеми.
6. Семки од тиква
Семките од тиква содржат витамини Б1, Б2, Б3 и Б4. Влијаат на растот на влакната и се препорачува секојдневно да се консумираат, особено ако имате проблеми со опаѓање на косата.
7. Леќа
Леќата е добра поради железото. Супата од леќа е задолжителен дел од оброкот доколку планирате да ја пораснете или да ја зајакнете косата.