Консумирајте ги овие намирници за млада и цврста кожа и по 40-та година!
Сигурно сте слушнале дека колагенот помага во борбата против стареењето делувајќи директно на еластичноста на кожата. Природно присутен во телото, производството на колаген почнува да се намалува по 40-тата година од животот (со загуба до 1% годишно). Дали сте знаеле дека храната богата со сулфур може да го поттикне неговото производство?
Покрај тоа, храната богата со витамин Ц (цитрусно овошје, зелен зеленчук, црвено овошје…) помага во зајакнувањето на колагенот и намалувањето на оксидативното оштетување. Ова се најдобрите намирници против стареење кои го поттикнуваат производството на колаген и ја прават кожата да изгледа помлада и поцврста:
1. Авокадо
Покрај високата содржина на антиоксиданси, авокадото е богато со витамин Е кој помага да се спречи разградувањето на колагенот.
2. Лосос
Лососот содржи цинк кој ги активира протеините неопходни за синтеза на колаген. Покрај тоа, оваа риба е природно богата со есенцијални масни киселини кои помагаат во негување на кожата и одржувањето на млад изглед.
3. Лук
Лукот има висока содржина на сулфур и придонесува за формирање на колаген.
4. Киви
Витаминот Ц кој е присутен во кивите го стимулира производството на колаген. Ова овошје содржи и витамини А и Е кои помагаат во борбата против стареењето на кожата.
5. Млечни производи
Јогуртите и сирењата содржат амино киселини кои го стимулираат формирањето на колаген.
6. Црвено овошје
Црвените плодови обично содржат висок процент витамин Ц, антиоксиданси и други хранливи материи кои се важни за производство на колаген и одржување на здрава кожа.
7. Јајца
Јајцата се богати со амино киселини кои го стимулираат производството на колаген.
8. Ореви
Јаткастите плодови се богат извор на различни хранливи материи кои можат да го поддржат производството на колаген и здравјето на кожата. Оваа група на намирници содржи витамини, минерали, здрави масти и други соединенија кои се неопходни за одржување на кожата, сврзното ткиво и производството на колаген.
Откако прочитавте кои намирници можат да го зачуваат младешкиот изглед на кожата, можеби ќе сакате да прочитате и кои намирници треба да ги избегнувате доколку страдате од висок крвен притисок.
Извор: sensa.mondo.rs