Комбинации на бои кои се вистинско стилско освежување за ова лето
Ги испробавте сите главни трендови за ова лето и повеќе немате идеја како да ги „зачините“ вашите модни комбинации? Тогаш е вистинско време од комбинирање на облеката да преминете на комбинирање на боите за да добиете нови комбинации кои ќе бидат модерни и уникатни. Овие комбинации на бои се совршени за лето, а притоа ќе ви дадат едно вистинско стилско освежување.
1. Жолта и зелена
Оваа комбинација на бои асоцира на нешто жешко, егзотично, а истовремено и освежувачко. А, можеби и нè потсетува на лимонада која со задоволство ја консумираме на жештините. Овој спој навистина буди различни асоцијации, а без разлика на кој начин ќе ја испробате, во вид на принт или комбинирање на две еднобојни парчиња облека со овие бои, ќе изгледате подеднакво впечатливо.
2. Пастелна розова и сина
Кога ќе посакате да добиете романтична вибрација, само спојте ги нијансите на пастелна розова и сина. Нам ни се допадна комбинацијата на лелеав фустан и сако, а вие ја имате целата слобода да споите кои било други парчиња облека.
3. Сина и црвена
Спојот на силно сината и силно црвената боја е чиста љубов и страст! Може ли некој да остане рамнодушен на оваа комбинација на бои? Доволно е да ги облечете вашите омилени шорцеви во комбинација со црвена блуза или кошула и да ги прифатите погледите кои ќе ве следат каде и да се наоѓате.
Продолжете на следната страница за останатите бои…