Колку брчки е сосема нормално да имате на 20, 30 и 40 години?

Колку брчки е сосема нормално да имате на 20, 30 и 40 години?

Отприлика до 25-тата година трае растот и развојот на жените, па потоа почнува стареењето поради кое и можеме да ги забележиме првите брчки на лицето. Првите знаци на стареење можат да се влошат со одредени лоши навики, како што е на пример, пушењето, пиењето малку течности, изложувањето на стрес, недостатокот на кислород и слично. Подеднакво деструктивно влијаат и изложувањето на претопол, па на престуден воздух, што е чест случај во зимските месеци кога прво се грееме во затворен простор, а потоа излагаме надвор на ладно. Но што е всушност сосема нормално, а што е забрзано стареење кога станува збор за брчките на кожата во клучните 3 декади?

1. Кожата во 20-тите години

(1) kolku-brchki-e-sosema-normalno-da-imate-na-20-30-i-40-godini-www.kafepauza.mk

Што е вообичаено?

Кожата треба да биде скоро без брчки. Ако на лицето се појавуваат изразени линии пред 30-тата година, тоа е дефинитивно знак за претерано изложување на сонце.

Како да го зачувате здравјето на кожата?

Пијте многу вода и одвојувајте доволно време за спиење. Исто така користете заштитен фактор 30 секој ден. Ако имате навика да пушите, исфрлете ги цигарите од вашиот живот за да го спречите прераното стареење на кожата.

2. Кожата во 30-тите години

(2) kolku-brchki-e-sosema-normalno-da-imate-na-20-30-i-40-godini-www.kafepauza.mk

Што е вообичаено?

По 30-тата година од животот, полека се појавуваат ситни брчки околу очите, како и на челото што е сосема нормално. Исто така можете да забележите и неколку издолжени линии меѓу веѓите.

Како да го зачувате здравјето на кожата?

Заштитувајте ја кожата со заштитен фактор 30 во текот на целата година и не заборавајте да се мачкате со хидратантна крема во утринските и вечерните часови.

3. Кожата во 40-тите години

(3) kolku-brchki-e-sosema-normalno-da-imate-na-20-30-i-40-godini-www.kafepauza.mk

Што е вообичаено?

На челото почнуваат да се обликуваат хоризонтални линии. Покрај нив, оние брчки што се појавиле претходната декада меѓу устата и образите дополнително се задлабочуваат, а подочниците стануваат поизразени.

Како да го зачувате здравјето на кожата?

Кремата со ефект на ексфолијација и микродермоабразија може да ја подобри состојбата на кожата, како нејзиниот изглед (да ги заблажи трагите на стареење и влијанието на надрворешните фактори). Секако, употребата на заштитен фактор 30 е неопходен за секој ден!

Можеби ќе ве интересираат и овие одлични природни масла што ги бришат брчките од вашето лице.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар