Колку бактерии има во салата за вежбање?
Салите за вежбање, справите, простирките и топките кои ги користат голем број луѓе, се совршено место за развој на бактерии и габички, како резултат на големата влага и покачената температура. Тие можат да предизвикаат мала неугодност, но и прилично сериозни здравствени проблеми. Поради тоа, треба да ги избришете сите предмети со крпа, пред и по користење.
Торбата со вашите лични работи
Истражувањата покажале дека највалкани работи во теретаната се всушност нашите лични работи како ранецот кој го оставаме секаде: на подот, на клупата, во багажникот од автомобилот – објаснува директорот на универзитетот за клиничка микробиологија на универзитетот Њујорк, д-р Филип М. Тјерно.
Се разбира, не предизвикуваат сите бактерии болести, но сепак треба да обрнеме внимание каде ги оставаме торбата, облеката и пешкирите. Со спреј за дезинфекција, попрскајте го багажникот и шкафчето во соблекувалната и избегнувајте да ја оставате торбата на подовите.
Шишенцето со вода
И покрај тоа што редовно го миете, сепак на него секогаш има бактерии кои доаѓаат преку рацете, кои претходно биле на шкафчето, на мокриот пешкир, на справите, а потоа и на капачето од шишенцето. Најпаметно е да го полните шишето со вода до врвот уште од дома, добро да го измиете грлото од внатрешната и надворешната страна, да не го оставате во шкафчето и никогаш да не го делите со други луѓе – истакнува микробиологот Михаел Шмит од универзитетот Јужна Каролина. Тој објаснува дека делењето шишенце со некој друг е најлесниот начин за добивање норовирус.
Справи и опрема за вежбање
Кога одите во сала за вежбање, со вас носете си крпа или влажни марамчиња за чистење прашина, со кои ќе го исчистите шкафчето и справите за вежбање, пред и по употреба и предупредете ги тие пред вас кои не го сториле тоа. Доколку сте настинати, немојте тој ден да одите во салата за вежбање.
Туширање во фитнес-центар
Доколку се туширате во фитнес-центарот, во кадата влезете со папучи, кои ќе ве заштитат од габите кои демнат на плочките. Слични правила важат и во сауна. На тој начин ќе се заштитите од разни болести и инфекции.
Дополнителни совети за спречување зарази:
- Мијте ги рацете пред и по вежбање
- Избегнувајте да го допирате лицето со рацете
- Доколку поред мијалникот нема хартија за раце, исчистете ги со гел за дезинфекција после вежбањето
- Во салата влегувајте само со чисти патики, а доколку вежбате пилатес или јога, секогаш носете чорапи и хеланки, никако немојте да вежбате боси.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.