Претходно
Колачиња со чоколадо и чили
Инките биле големи љубители на комбинацијата од чили и чоколадо, а во денешно време можете да најдете разни рецепти за чоколадни колачиња со сочна текстура и чили, кој додава необичен „огнен“ вкус.
Потребни состојки:
- 200 г несолен путер
- 170 г кафеав шеќер
- 115 г шеќер во прав
- 2 јајца
- 300 г брашно
- 60 г какао
- 1 лажичка цимет
- ½ или 1 лажичка чили во прав (по вкус)
- ½ лажичка сол
- 100 г темно чили чоколадо (сечкано)
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете ја тавата со хартија за печење.
- Ставете ги путерот и шеќерот во еден голем сад и разбијте со миксер. Матете околу 5 минути.
- Додајте ги јајцата едно по едно. Матете со миксерот после додавањето на секое јајце.
- Додајте ги брашното, какаото, циметот, солта и чилито во прав. Мешајте додека не се формира густо тесто.
- Додајте го и сечканото чоколадо и добро измешајте. Со помош на лажица направете топчиња и поставете ги на хартијата за печење, оставајќи празно место меѓу секое топче. Користете влажна лажица за да го израмните врвот на колачињата.
- Печете 12-14 минути или сѐ додека колачињата не станат цврсти на краевите, а во средината треба да останат малку меки. Извадете ги од рерната и оставете ги да се изладат.
Погледнете го и овој рецепт за домашен сладолед од чоколадо без јајца.