Колач со капини и боровинки: Толку е вкусен!
Како што се зголемуваат температурите, полека ќе почнеме да ги одбегнуваме тешките и преслатки десерти, па затоа денес ви споделуваме рецепт за овошен колач кој не само што не се пече туку е и неверојатно вкусен.
Потребни состојки:
- 320 грама бисквити
- 80 грама стопен путер
- 230 грама боровинки и капини (или други бобинки)
- 230 грама маскарпоне
- 1/3 чаша шеќер
- 2 лажички екстракт од ванила
- 240 милилитри шлаг
- 1/4 чаша млеко
- 1 лажичка желатин
Начин на подготовка:
1. Сомелете ги бисквитите во блендер, па измешајте ги со растопениот путер и префрлете ги во калап со дијаметар од 24 см.
2. Оставете ги во фрижидер 30 минути или во замрзнувач 15 минути.
3. Изматете го шлагот и оставете го во фрижидер.
4. Подгответе го желатинот според упатството.
5. Во блендер измешајте боровинки и капини, додајте маскарпоне, шеќер, млеко и екстракт од ванила и повторно мешајте додека сè се соедини.
6. Додадете го желатинот во овошниот крем и прелијте го врз смесата.
7. Оставете го десертот најмалку четири часа во фрижидер.
8. Декорирајте со боровинки, капини и цветови. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за кремаст колач со овошен фил кој не се пече.
Извор: punkufer.dnevnik.hr