Која нијанса на црвена боја за коса е идеална за вашиот тен?

Која нијанса на црвена боја за коса е идеална за вашиот тен?

За секој тен постои соодветна нијанса на црвена боја која се вклопува со него. Црвената коса е исклучително покомплицирана за комбинирање и потешко е да се пронајде боја која совршено ќе ви одговара, за разлика од најчестата кафеава коса. Многу девојки честопати грешат, па се одлучуваат за некои интересни, несоодветни тонови кои многу ретко одговараат на некого. Сепак, ова не е голема грешка, бидејќи за ваква боја на коса секогаш се одлучуваат храбрите и смелите девојки. Но, постојат одредени правила при изборот на вистинската нијанса, а има врска и со тенот на вашата кожа.

1-koja-nijansa-na-crvena-boja-za-kosa-e-idealna-za-vashiot-ten-www.kafepauza.mk_

Светол тен – сјајна џинџер коса

Сјајната џинџер коса со златни тонови е одличен избор за оние девојки кои имаат прилично светол тен и светли очи. Златните тонови ѝ даваат потопол изглед на косата, а воедно ја нагласуваат и бојата на очите.

Светол тен – темна јагода

Малку постудена нијанса од претходната. Розовите тонови на јагода најдобро им одговараат на девојките кои имаат светол и розов тен. Притоа, оваа боја може да се носи во текот на целата година, независно од годишното време.

3-koja-nijansa-na-crvena-boja-za-kosa-e-idealna-za-vashiot-ten-www.kafepauza.mk_

Среден тен – златен бакар

Доколку вашиот тен е малку потемен, со златни или жолти тонови, тогаш златните и бакарни нијанси се совршената боја за вас. Гледаме на примерот од Блејк Лајвли дека оваа нијанса на коса дополнително ја нагласува топлината на нејзиниот тен и едноставно прави таа да блеска. За да го постигнете овој изглед потребни се повеќе различни нијанси и прамени, а не само една боја.

4-koja-nijansa-na-crvena-boja-za-kosa-e-idealna-za-vashiot-ten-www.kafepauza.mk_

Среден тен – силен костен

Бела Торн честопати ја менува бојата на коса, но нијансата на силен костен, која во себе има идеален баланс на топли и студени тонови, совршено ѝ прилега. Секако дека нема потреба да експериментирате како неа, бидејќи зелената коса е прилично екстремна и само за оние похрабрите. Девојките со „среден“ тен ја имаат таа привилегија да им прилегаат повеќе различни нијанси на црвена боја, па така и вие доколку сте една од нив, ќе имате целосна слобода да испробувате сѐ додека не ја пронајдете вашата омилена боја.

5-koja-nijansa-na-crvena-boja-za-kosa-e-idealna-za-vashiot-ten-www.kafepauza.mk_

Сончан тен – зрела вишна

Сончаниот тен изгледа најдобро во комбинација со потемни црвени тонови кои го продлабочуваат погледот и ги нагласуваат очите. Зрела вишна е совршена боја за сите оние девојки кои не сакаат да имаат портокалови тонови на себе, а не се определиле ниту за силни нијанси.

Сончан тен – суптилна црвена

Малку посилна нијанса од претходната која е резервирана за похрабрите девојки, кои исто така имаат сончан тен и маслинести тонови.

7-koja-nijansa-na-crvena-boja-za-kosa-e-idealna-za-vashiot-ten-www.kafepauza.mk_

Темен тен – огнено црвена

Ријана е личност која секоја боја на коса за која се одлучувала ѝ прилегала добро, па зошто би било поразлично кога е во прашање силно црвената. Кога станува збор за потемниот тен, слободно можете да си играте со различни нијанси на црвена, под услов да не избирате златни тонови кои исклучително подобро им прилегаат на девојките со светол тен.

Доколку се одлучите да ја бојадисате вашата коса во ова храбра боја, тогаш погледнете неколку корисни совети за нега на црвената коса.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар