Која намирница може значително да го намали ризикот од деменција?
Деменцијата е болест која сè повеќе се појавува кај постарата популација. Затоа, важно e во текот на животот да размислуваме за здравјето на нашиот мозок, да го развиваме, да учиме, да имаме квалитетен сон, но и внимателно да ја избираме храната што ја внесуваме во организмот.
Експертите истакнуваат дека изборот на одредени намирници исто така може да го активира и потхранува мозокот, а најважна е исхраната богата со омега-3 масни киселини.
Омега-3 масните киселини се најдобри хранливи материи за мозокот и тие најмногу се содржат во рибата. Истражувањата покажале дека јадењето риба барем еднаш неделно може позитивно да влијае на мозокот и да го намали ризикот од деменција во староста.
Од рибите се издвојуваат лососот, скушата, туната и харингата кои имаат највисоко ниво на омега-3 масни киселини меѓу природната храна. Покрај тоа што има корисен ефект врз мозокот, храната богата со омега-3 е одлична за намалување на ризикот од срцеви заболувања и го регулира нивото на триглицериди, намалувајќи го ризикот од артритис.
На кој начин омега-3 масните киселини му помагаат на нашиот мозок и нервниот систем?
- Заштита на клеточните мембрани
- Олеснување на комуникацијата помеѓу невроните
- Помош во синтезата и функцијата на невротрансмитерите
- Поддршка на протокот на крв во мозокот
- Помош во растот на мозочното ткиво
- Благотворно делуваат врз меморијата
- Го намалуваат ризикот од анксиозност и депресија
- Го намалуваат ризикот од деменција
Обидете се барем еднаш неделно да јадете риба со зеленчук или житарки за здравјето на мозокот и на целото тело.
Откако прочитавте кои намирници можат значително да го намалат ризикот од деменција, можеби ќе сакате да прочитате и 14 рани знаци на предупредување дека некој ваш близок можеби страда од деменција.
Извор: sensa.mondo.rs