Која е една од најчестите причини за појавата на мрсна коса, а за која не сме свесни?

Која е една од најчестите причини за појавата на мрсна коса, а за која не сме свесни?

Иако себумот сам по себе не е лош бидејќи го одржува скалпот здрав и ја спречува појавата на кршлива и сува коса, ако го имаме премногу, може да доведе до разни проблеми.

Која е една од најчестите причини за појавата на мрсна коса, а за која не сме свесни?

Најчесто луѓето се жалат на брзо опаѓање на косата, чешање и првут. Како што објаснуваат фризерите, една од главните причини за мрсна коса нема никаква врска со честото миење.

Се работи за стрес. Како што стресот може да се појави на нашите лица преку појава на мозолчиња, акни, темни кругови или црвенило, исто така може да се појави и на нашиот скалп. Експертите велат дека тоа се случува поради промените во нивото на хормоните кои можат да доведат до зголемено производство на маснотии на скалпот, односно себум. Значи, ако косата ни е помрсна од вообичаено, тоа може да биде знак дека треба малку да забавиме во животот и да најдеме време за релаксација.

Други причини зошто косата станува побрзо мрсна може да се честото или нетемелно миење, користењето на погрешни производи за нега, честото допирање на косата, недостатокот на витамини Б и наглите хормонални промени како што се менопауза или бременост.

Откако прочитавте за стресот како причина за мрсење на косата, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие корисни трикови кои ќе ви помогнат лесно да се справите со мрсната коса.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар