Кои знаци укажуваат на тоа дека личноста е емотивно недостапна?
Луѓето потсвесно градат ѕидови околу себе да се заштитат од болка. Но, од друга страна, ѕидовите ги спречуваат да даваат или примат љубов. За некои луѓе велиме дека се ладни и затворени затоа што не ја чувствуваме нивната топлина, а не ја чувствуваме бидејќи токму овие ѕидови нè спречуваат да допреме до нивното срце. Ова се знаците кои укажуваат дека личноста има проблем да ги изрази и покаже своите емоции.
1. Не можеме јасно да ги прочитаме
Таквите луѓе често испраќаат збунувачки пораки до другите. Понекогаш изгледаат заинтересирани, понекогаш ладни. Тие се заинтересирани да дознаат нешто за вас, или барем така изгледа, но ретко зборуваат за себе. Во еден момент се чини дека сакаат да се посветат на продлабочување на врската, а во следниот исчезнуваат. Тешко е да ги сфатите нивните намери и желби, па се чувствувате збунети. Емотивно отворената личност ќе ги каже своите намери и ќе постапи соодветно на тоа.
2. Не ги земаат предвид вашите чувства
Тие се плашат од емоциите и никогаш не се прашуваат како се чувствувате. Понекогаш се чини дека светот се врти само околу нив.
3. Не сакаат подобро да ве запознаат
Емоционално недостапните луѓе не сакаат и не можат да влезат во подлабоки односи со луѓето. Дури и во пријателствата, тие ќе се држат до секојдневните тривијалности, а не на какви било теми што би можеле да покажат како се чувствуваат.
4. Не сакаат да зборуваат лице в лице
Тие избегнуваат контакт со очи и не претпочитаат физички контакт или прегратки. Наместо тоа, тие претпочитаат да пишуваат пораки или мејлови бидејќи технологијата им дава чувство на сигурност и претставува виртуелна граница меѓу нив и вас, поради што не мора да се отвораат и да ги покажат своите вистински емоции.
5. Ладни се и далечни
Такви се затоа што немаат доверба кон луѓето и во секој контакт со другите гледаат потенцијална опасност од предавство. Затоа, за да се заштитат од болка тие градат ѕидови околу себе.
Откако прочитавте за знаците кои укажуваат дека одредена личност е емотивно недостапна, можеби ќе сакате да прочитате и како да престанете да ги апсорбирате туѓите емоции и енергии.
Извор: sensa.mondo.rs