Кои знаци укажуваат на недостаток на калциум?

Кои знаци укажуваат на недостаток на калциум?

Проблеми со концентрацијата, кршливи нокти, чувствителни заби, грчеви во мускулите… Проверете кои симптоми укажуваат на недостатоци од калциум.

Кои знаци укажуваат на недостаток на калциум?

Калциумот е исклучително важен елемент за здрав организам. Тој, меѓу другото, е одговорен за цврсти коски и заби, а истовремено помага и за правилно функционирање на мускулите и срцето. Освен тоа, калциумот е неопходна состојка за нормален раст и развој кај децата.

Кои се причините за недостаток на калциум?

Недостатокот може да се јави како резултат на повеќе причини, како на пример:

  • Несоодветна исхрана
  • Земање лекови кои ја инхибираат апсорпцијата на калциум
  • Нетолеранција на храната богата со калциум
  • Хормонални промени
  • Генетски фактори
  • Менопауза
  • Проблеми со тироидната жлезда

Знаци на недостаток на калциум

Недостатокот на калциум се манифестира преку неколку симптоми. На почетокот знаците не се толку очигледни, но со текот на времето стануваат сè поизразени.

Најчести симптоми кои укажуваат на недостаток на калциум се следните:

  • Збунетост
  • Проблеми со меморија
  • Вкочанетост во рацете, стапалата и лицето
  • Депресија
  • Халуцинации
  • Мускулни грчеви
  • Чести фрактури или кршливи коски
  • Чувствителни заби

Ако се сомневате дека имате недостаток на калциум, консултирајте се со вашиот лекар. Сепак, не заборавајте дека калциумот ќе го внесете во организмот преку правилната исхрана.

Ова се намирниците кои содржат калциум:

  • Тофу
  • Лосос
  • Грав
  • Брокула
  • Портокали
  • Суви смокви

Важно е внесувате доволна количина на витамин Д кој ја подобрува апсорпцијата на калциум.

Следниве намирници содржат витамин Д:

  • Туна
  • Лосос
  • Јајца
  • Портокали
  • Млечни производи

Покрај правилната исхрана, обидете се да поминувате повеќе време на сонце. Во зимските месеци кога тоа не е можно, се препорачува да се земаат додатоци на витамин Д.

Откако прочитавте кои симптоми укажуваат на недостаток на калциум во организмот, можеби ќе сакате да прочитате и за храната што содржи повеќе калциум од млекото.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар