Кои знаци укажуваат на фактот дека се манипулирате самите себе?

Кои знаци укажуваат на фактот дека се манипулирате самите себе?

Честопати, кога некој сака да ве натера да се сомневате во сопствените зборови и одлуки, тој/таа сака да манипулира со вас. Сигурно ви е добро познат изразот „тој/таа сака да ме полуди“, а тоа е ситуација кога некој ве убедува дека нешто не сте виделе или процениле како што треба, најчесто за да се оправда или да извлече некаква корист.

Кои знаци укажуваат на фактот дека се манипулирате самите себе?

Но, постои и друг вид манипулација што ја практикуваме кон себе – кога човек се убедува во својата слабост, безвредност, недостојност за одредени врски и активности. Станува збор за личност која не верува во себе и има проблем со самодовербата. Еве ги најчестите знаци за манипулација кон себе:

1. Личноста не им верува на своите чувства, ги отфрла и си забранува да ги изразува и манифестира.

2. Повторно и повторно се сомнева во себе и е самокритична.

3. На таков човек му е тешко да носи одлуки и да избира. Цело време се чини дека сè што прави е погрешно и несоодветно.

4. Сомничавост и преценување на туѓите проценки. Постојано ги гледа другите и има страв од неодобрување.

5. Постојано се самокритикува и самопонижува.

Ова се најчестите причини зошто личноста се однесува на овој начин:

1. Не верува во себе

Причините се ниската самодоверба, негативните искуства, големиот број неуспеси. Се развиваат негативни верувања во себе и личноста се потпира на нив.

2. Негативно размислување

Човекот е склон кон песимистичка проценка на сликата за светот и, пред сè, за себе.

2. Ја игра улогата на друг манипулатор

Можно е такво лице да било жртва на манипулација на некоја друга личност, па по извесен период го продолжило истиот принцип на однесување кон себе.

3. Споредување со другите

Станува збор за луѓе кои постојано се споредуваат со сите останати и сметаат дека не се доволно добри.

4. Недоволна комуникација со себе

Човекот не е навикнат да се слуша себеси, да ги толкува своите чувства и мисли.

5. Прекумерни амбиции и перфекционизам

Таквиот човек бара премногу од себе, па често е незадоволен од постигнатото.

Откако прочитавте за знаците кои укажуваат на манипулирање на самите себе, можеби ќе сакате да прочитате и за најчестите примери за манипулативен однос во љубовната врска.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар