Кои знаци укажуваат на добро ментално здравје?

Кои знаци укажуваат на добро ментално здравје?

Според основачот на психоанализата, Сигмунд Фројд, главните знаци на доброто ментално здравје се трите способности – љубов, работа и уживање. Современата американска психоаналитичарка, Ненси Меквилијамс, додава уште неколку. Прочитајте во продолжение за кои способности станува збор.

Кои знаци укажуваат на добро ментално здравје?

1. Способност да ги сакате луѓето какви што се

Без критикување, осуда и идеализирање! Покрај тоа, зрелата љубов вклучува искреност и посветеност. Ова ја вклучува и способноста за дружење со луѓе од различни возрасти.

2. Способност за работа

Животот добива смисла преку работата, а важен показател е и степенот на професионализам на една личност.

3. Способност за играње

Во заедничките игри се развива имагинацијата и способноста да се чувствуваат желбите и потребите на оние во близина. Затоа и возрасните треба да играат! Нека никогаш не згасне детето во вас.

4. Способност да бидете независни

Оваа вештина е тесно поврзана со чувството на сопствената внатрешна сила. Кога сте силни и самоуверени, свесни сте дека можете да се потпрете на себе.

5. Способност да се справувате со стресот на соодветен начин

Несоодветните реакции на животните проблеми вклучуваат пороци, манипулации, депресија, неможност да се продолжи понатаму. Освен тоа, ментално силната личност е способна да ги признае своите грешки и да извлече заклучоци за иднината.

6. Способност да се доживеат емоциите

Ментално здравите луѓе се способни да ги искусат (и препознаат кај другите) овие основни емоции: интерес, радост, страв, срам, депресија, запоставување, одвратност, како и разбирање дека другите ги лажат.

7. Способност за учење и саморазвивање

Желбата за учење сама по себе е индикатор на богата имагинација и љубопитност!

8. Способност да ги постигнете вашите цели

Самодовербата е еден од клучните елементи за постигнување реални цели во одредена временска рамка.

9. Способност да се грижите за вашето здравје

Психички нормален човек се грижи за себе, обидувајќи се да избегне сè што може да му наштети.

10. Способност да разберете што е во ваша, а што е надвор од ваша контрола

Здравата психа му овозможува на човекот да го прифати она што не може да се промени и да продолжи да живее, без разлика на сè.

Откако прочитавте за знаците кои укажуваат на добро ментално здравје, можеби ќе сакате да прочитате и за овие 5 физички активности кои се одлични за вашето ментално здравје.

Извор: sensa.mondo.org


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар