Кои се здравствените придобивки од кампувањето?
Ви здодеа постојано да зјапате во екранот на вашиот лаптоп или телефон? Преку глава ви е од монотоните, бели ѕидови на вашата канцеларија? Дали знаевте дека кампувањето и бегството во природа можат значително да го подобрат вашето ментално здравје, вашето расположение, но и вашиот метаболизам? Во продолжение прочитајте за благодатите на кампувањето врз физичкото и менталното здравје.
Ги намалува стресот и анксиозноста
Намалувањето на стресот и анксиозноста е еден од најчестите ефекти од кампувањето. Кога сте надвор во природа вашата склоност кон претераното размислување исчезнува, а со тоа исчезнуваат грижата и нервозата. Истражувањата покажале дека кампувањето може значително да придонесе за вашата благосостојба.
Го подобрува расположението
Преку намалувањето на стресот и зголемувањето на нивото на сератонин, кампувањето помага да се подобри расположението. Како резултат на тоа, се чувствувате посреќно и опуштено. Освен тоа, умерената изложеност на сончева светлина придонесува за балансирање на нивото на мелатонин што помага да се чувствувате помалку депресивни и уморни.
Поголема физичка активност
Без разлика дали ќе се вклучите во какви било физички активности на отворено или само ќе се опуштите и ќе уживате во близина на вашиот шатор, нема сомнеж дека ќе треба да бидете физички активни. Студиите покажале дека физичките активности кои се поврзани со кампувањето претставуваат одличен начин за справување со недостатокот на активности и болестите кои можат да произлезат како резултат на ваквата состојба. Освен тоа, здравствените придобивки на кампувањето вклучуваат и:
- Намалување на крвниот притисок
- Подобрување на функциите на имунолошкиот систем
- Подобрување на метаболизмот
- Намалување на ризикот од респираторни проблеми
- Подобрување на здравјето на срцето
- Посилни мускули и коски
- Намалување на депресијата
Откако прочитавте за здравствените придобивки од кампувањето, можеби ќе сакате да прочитате и како да го пронајдете внатрешниот мир.
Извор: themindsjournal.com