Кои се здравствените придобивки на маслото од оригано?

Кои се здравствените придобивки на маслото од оригано?

Ориганото не само што е вкусен туку е и хранлив зачин, а тоа се должи на бројните хранливи материи како витамин К, манган, железо, калциум, витамин Е, бакар, ниацин и бета каротен.

Кои се здравствените придобивки на маслото од оригано?

По потекло е од Медитеранот и е незаменлив зачин во гастрономијата на Италија, Шпанија, Турција, но и кај нас. Самото име оригано доаѓа од грчкиот јазик (орос=рид, ганос=накит), и значи планински накит. Според народното верување, штити од зло и го подобрува расположението.

За медицински цели се користел уште од античко време, а го користеле и Грците и Римјаните. Покрај листовите од оригано, неговото масло се користи преку триење на кожата или со вдишување, додека екстрактот од оригано може да се користи како течност или во капсули.

Како хербален додаток, маслото од оригано е познато по своите антивирусни, антиинфламаторни и антиоксидантни својства. Содржи неколку потенцијално лековити соединенија, како што се: карвакрол, тимол и терпинен.

Луѓето традиционално го користат маслото од оригано за лекување на симптоми на настинка и грип, но може да се консумира во различни форми во зависност од вашите преференции. Може да се купи како хербален додаток, тинктура или есенцијално масло.

Маслото од оригано е безбедно за употреба, но може да предизвика некои несакани ефекти. Избегнувајте да го користите ако сте алергични на нане, жалфија, босилек или лаванда. Ако сте алергични на некој од овие зачини, веројатно сте алергични на оригано. Не користете масло од оригано ако сте бремени и разговарајте со вашиот педијатар пред да му го дадете на вашето дете.

Постојат неколку начини на употреба на маслото од оригано. Можете да купите масло од тинктура од оригано, кое е мешавина од екстракт и есенцијално масло и е наменето за орална употреба. Следете ги упатствата за дозирање на шишето. Маслото од оригано се продава и во форма на капсули. Внимателно прочитајте ги упатствата за дозирање.

Без оглед на тоа зошто земате масло од оригано, задолжително правете пауза од најмалку една недела на секои три недели од употребата.

Маслото од оригано е моќна супстанција, па затоа најдобро е да започнете со најмала можна доза за да видите како реагира вашето тело.

Можете полека да ја зголемите количината што ја земате доколку не сте имале непријатни несакани ефекти. Само бидете внимателни да не консумирате повеќе од препорачаната количина наведена на пакувањето. Исто така, имајте предвид дека препорачаните дози може да варираат од производител до производител.

Откако прочитавте за здрвствените придобивки на маслото од оригано, можеби ќе сакате да прочитате и во кои 4 ситуации маслото од оригано ќе ви биде од голема помош.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар