Кои се најважните елементи на исполнетиот живот?
Запоставениот живот е живот без цел и без смисла. Тоа е живот во кој човекот не чувствува дека прави нешто значајно, а, од друга страна, исполнетиот живот е живот во кој имаме и цел и смисла. Тогаш можеме да одговориме на прашањето „зошто постоиме“ и знаеме зошто правиме нешто. Токму во тоа се состои среќата.
Кое е значењето на зборовите „смисла“ и „цел“?
Целта е концептот преку кој можеме да одговориме „зошто постоиме“. Тука влегуваат нашето влијание врз другите околу нас, придонесот што го даваме и белегот што го оставаме. Целта е во согласност со нашите основни верувања и се манифестира преку нашиот однос кон светот во кој живееме. Потешко е да се отелотвори и препознае.
Од друга страна, смислата е концепт кој се однесува на нас како поединци. Условно кажано, тоа е одговорот на прашањето „зошто правиме нешто“.
Смислата е перцепцијата на важноста што ја придаваме на нештата кои ги правиме. Таа е поврзана со нашата мотивација и нашиот потенцијал и како таква, полесно е да се препознае.
Смислата, условно, е патот, а целта е насоката во која чекориме. Во текот на животот, смислата на она што го правиме може да се промени и да се прилагоди на новите околности, а целта е она кон што се стремиме во животот.
На крајот од животот, можеме да си кажеме дека нашиот живот има цел, ако ја најдеме во текот на животот. Исто така, можеме да правиме различни работи кои ни се значајни, но тоа не мора да значи дека ќе најдеме цел во животот.
Лу Мариноф, канадски филозоф, ни дава два примери во неговата книга „Платон, а не Прозак“.
Кога сме во ресторан, целта на менито е да ни даде информации за тоа што можеме да јадеме. Меѓутоа, ако менито е напишано на јазик што не го разбираме, тогаш тоа мени нема смисла за нас. Спротивно на тоа, ништо не ни значи тоа што разбираме странски јазик ако немаме мени.
Кога патуваме, целта на мапата е да ни даде информации за тоа каде се наоѓаат местата кои сакаме да ги посетиме. Меѓутоа, ако користиме мапа, а не сакаме да патуваме, тоа нема да ни има никаква смисла. Спротивно на тоа, ништо нема да ни значи тоа што сакаме да патуваме ако немаме мапа.
Луѓето можат да живеат со или без цел и смисла.
Сознанието за неискористениот потенцијал ни покажува дека сме ја препознале целта на нашиот живот, но продолжуваме да го живееме бесмислено. Ова значи дека постои потенцијал да се подобриме на подобро.
Од друга страна, самодоволност е кога сме задоволни со она што го правиме и ја чувствуваме смислата на емотивен план, но не можеме да препознаеме која е целта на нашиот живот.
Исполнет живот, пак, е живот во кој имаме и цел и смисла. Тогаш можеме да го одговориме прашањето „зошто постоиме“ и знаеме „зошто правиме нешто“. Токму во тоа се состои среќата.
Откако прочитавте за смислата и целта во животот, можеби ќе сакате да ги прочитате и 7-те необични прашања што ќе ви помогнат да ја најдете вашата животна смисла.
Извор: atma.hr