Кои се најсоодветните обувки за долгиот летен фустан?

Кои се најсоодветните обувки за долгиот летен фустан?

Нема ништо поубаво од долг, удобен, лелеав фустан во лето. И додека сѐ уште се сомневате како да го искомбинирате, ви даваме неколку предлози за најсоодветните обувки. Да, не, можеби? Погледнете и самите.

ДА: Ниски слатки сандали

Кои се најсоодветните обувки за долгиот летен фустан?1.1-koi-se-najsoodvetnite-obuvki-za-dolgiot-leten-fustan-kafepauza.mk_

Ова се чевли кои се вклопуваат во речиси секоја летна комбинација. Ги има во најразлични стилови и се одличен избор за долгиот фустан. Доколку се двоумите, бидете малку посмели и одберете некој повпечатлив модел, со светкави камчиња или пак следете го последниот тренд – гладијаторскиот стил на ниски сандали.

ДА: Чевли со платформа

Кои се најсоодветните обувки за долгиот летен фустан?

Ова се чевли кои се доволно гламурозни и шик, за совршено да се надополнат со долгиот фустан. Даваат дополнително издолжување, а истовремено се и многу удобни. Доколку имате долг фустан во ацтеки стил, комбинирајте го со чевли на платформа во бела боја. Ако пак имате фустан во пастелна боја, одберете чевли со цветен принт. Нема за што да се грижите, бидејќи имате безброј комбинации за неодолив летен изглед.

ДА: Фенси апостолки

3-koi-se-najsoodvetnite-obuvki-za-dolgiot-leten-fustan-kafepauza.mk_

Летото е како створено за апостолки, зарем не? Тие се совршен избор и за овој модел на фустан. Одберете некои поедноставни или пак нешто погламурозно. Изборот и онака е огромен. Кога и да се сомневате што да облечете на нозе, знајте дека ова е вистинското решение.

МОЖЕБИ: Штикли

Кои се најсоодветните обувки за долгиот летен фустан?4.1-koi-se-najsoodvetnite-obuvki-za-dolgiot-leten-fustan-kafepauza.mk_

Зошто можеби? Доколку одите на некој посвечен настан со долг фустан, тогаш дефинитивно може да го комбинирате со соодветни штикли, при што треба да внимавате да не се превисоки и пренападни. Но, ако одите на некој поопуштен настан, најдобро е да ги оставите во плакарот и да се одлучите за некоја од варијантите погоре.

НЕ: Чизми

5.1-koi-se-najsoodvetnite-obuvki-za-dolgiot-leten-fustan-kafepauza.mk_Кои се најсоодветните обувки за долгиот летен фустан?

Чизмите се многу секси и зрачат со стил, но кога станува збор за долг фустан, едноставно треба да ги заборавите. Воопшто не изгледаат убаво и тренди во една ваква комбинација. Дури и да сметате дека супер изгледате така, размислете уште еднаш и сепак одберете други обувки.

НЕ: Патики

Кои се најсоодветните обувки за долгиот летен фустан?

Ако имате барем малку осет за мода, ќе знаете дека оваа комбинација не доаѓа во обѕир. Патиките најмногу одговараат со фармерки и тренерки. Навистина ќе го уништите женствениот изглед, доколку пробате нешто вакво.

Се надеваме дека ви помогнавме и дека сега ќе знаете како на најубав начин да го комбинирате долгиот фустан, што веќе е спремен за летото.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

    • Анонимен Reply

      Se soglasuvam, PRADA ovaa godina zracese so kombinaciite na fustani [duri i onie sparkling] so patiki.

  1. Ivana Reply

Остави коментар