Кои се најдобрите и најлошите состојки за вашата кожа?

Кои се најдобрите и најлошите состојки за вашата кожа?

Сигурно имате слушнато за многу работи кои се добри, но и за работи кои се лоши за вашата кожа. Доколку сакате да дознаете нешто повеќе кога станува збор за продуктите за убавина, погледнете кои се најдобрите и најлошите состојки за вашата кожа.

Кои се најдобрите и најлошите состојки за вашата кожа?

Што е најдобро?

Иако вистинско искушение е да верувате дека една листа состојки е одлична за сите, вистината е дека секој има различни потреби. Разните видови кожа реагираат различно на разните продукти за кожа и нивните елементи. За да избегнете потенцијални иритација или појава на акни, најпрво треба да откриете што е добро за вашата кожа. Ова можете да го направите сами или со помош на дерматолог.

Кога станува збор за основа на шминка, оние со мрсна кожа и кожа склона кон акни би требало да се држат до минералните пудри или оние без масла. Доколку имате чувствителна кожа, користете заштитни креми од сонце со минерални состојки.

Што да избегнувате?

Постојат два вида реакции на кожата што можат да произлезат од козметиката. Првата е алергиска реакција кога вашиот систем одговара на некоја состојка. Втората е иритација која состојката ја предизвикува директно на кожата, со тоа предизвикувајќи и воспаление.

Конзервансите и парфемите се најчестите причинители на алергии на кожата. Некои конзерванси, како парабените, почесто предизвикуваат алергија за разлика од другите. Ако имате проблем со алергии, постојат продукти без парабен, па секогаш можете да побарате алтернатива. Ако имате чувствителна кожа, или сте имале алергии во минатото, држете се до производи без парфем.

Важно е да знаете дека понекогаш и најдобрите состојки можат да предизвикаат иритација доколку имате одредена алергија. Па ако некој продукт ви предизвикува црвенило, горење, печење или иритација, веднаш престанете да го употребувате.

Заклучок

Првиот чекор што треба да го направите за да ги одберете најдобрите продукти за нега на вашата кожа е да дознаете што има во вашите продукти. Одберете бренд којшто е транспарентен за состојките во нивните продукти. Вашата кожа секогаш го заслужува најдоброто.

Погледнете и кои продукти ќе ви помогнат да се справите со брчките.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар