Кои се најчестите причини за замор што не смеете да ги игнорирате?

Кои се најчестите причини за замор што не смеете да ги игнорирате?

Брзиот начин на живот и секојдневниот стрес на работа се најголемите непријатели на нашето здравје. Во продолжение прочитајте ги најчестите причини за замор кои можеби несвесно ги игнорирате.

Кои се најчестите причини за замор што не смеете да ги игнорирате?

Дехидратација

Заморот честопати се јавува како резултат на дехидратација кога телото испушта повеќе течности отколку што прима. Освен тоа, од големо значење е рамномерното консумирање течности во текот на денот. Внимавајте и да не консумирате голема количина на вода 20 минути пред или по оброкот, што може да ги наруши дигестивните ензими во желудникот и да доведе до лошо варење.

Недоволно сон

Не заборавајте дека честопати недостатокот од сон може да доведе до поспаност, губење на концентрацијата, проблеми со меморијата и со извршувањето на работните задачи. Освен тоа, хроничниот недостаток на сон го зголемува ризикот од повреди, несреќи, болести, па дури и смрт.

Намалени физички активности

Според едно истражување, физичката активност како возење велосипед, пешачење или пливање може значително да го намали заморот. Освен тоа, овие активности можат и да го подобрат вашето расположение.

Зголемен стрес

Зголемениот стрес предизвикува лачење на кортизол, чие зголемено ниво во организмот доведува до нерамнотежа на шеќерот во крвта, замор на надбубрежните жлезди и губење на телесната тежина. Иако е невозможно да се избегнат сите стресни фактори во вашиот секојдневен живот, сепак може да го смените начинот на кој се справувате со стресот.

Откако прочитавте кои се најчестите причини за замор, можеби ќе сакате да прочитате и три начини за борба против „дигиталниот замор“.

Извор: lifehack.org


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар