Кои се најчестите причини поради кои милениумците посетуваат терапии кај психолог
Психолозите секојдневно се сретнуваат со милениумците кои имаат низа прашања на кои немаат одговори: „Дали тоа е тоа што го сакам?“, „Како моите родители во овие години го имале сето тоа?“. Издвоивме неколку причини поради кои милениумците се упатуваат на терапија кај психолог.
1. Неодлучни се
Оваа генерација е прилично неодлучна. Изгледа дека некои сосема банални работи го програмираат животот на оваа генерација. На пример, тие се сосема сигурни до завршувањето на факултетот, бидејќи дотогаш целиот живот им се движел по однапред одредена патека. До дваесет и некоја година тие биле насочувани, така што со вистинските одлуки се соочуваат многу покасно.
Кога ќе дојде време за донесување важни одлуки како што се промена на работното место или потреба љубовната врска да премине на следното ниво, тие имаат страв дека нема да ја донесат вистинската одлука. Заради ова доаѓа до одложување на животните одлуки за подоцна.
Бидејќи не постои формула за среќа, односно еден исправен пат, психолозите им помагаат на овие личности да сознаат што тие навистина сакаат. Еден начин да се надмине тоа е да сфатат што ги прави среќни.
2. Тешко кажуваат „НЕ“
Оваа генерација не знае како да им каже „НЕ“ на своите родители, подоцна на наставниците, професорите, па шефови и така натака. Психолозите сметаат дека ова е резултат од стравот некој да не се разочара во нив, започнувајќи од родителите кои секогаш имале високи очекувања.
Од овие причини оваа генерација не знае да каже „НЕ“, туку за тоа користат формулации како што се „Не сум сигурен/на во овој момент, ќе ви се јавам наредната недела“, „Не знам дали имам доволно време за да се посветам на тоа“… Психолозите велат дека учењето да се кажува „НЕ“ е исто како кога децата учат да чекорат – малку по малку. Вежбањето е најдобриот начин.
3. Се прашуваат дали некогаш ќе бидат финансиски самостојни за да започнат живот со партнерот
Економската состојба во нашата земја доведува до тоа поголемиот дел од младите да останат да живеат со своите родители до доцните дваесетти или раните триесетти. Така тешко стануваат финансиски самостојни, што понатаму доведува до тоа тешко да се одлучат на заеднички живот со партнерот.
Единствен начин да се надмине ова е да се разговара отворено со својот партнер во врска со финансиските очекувања.
4. Анксиозноста ги спречува да се опуштат
Милениумците се изложени на голема количина стрес, а немаат способност да управуваат со него. Тоа создава анксиозност – вознемиреност и загриженост без реална причина.
Преголемата количина информации на кои се изложени доведува до тоа да не знаат да го разделат важното од неважното. Заради ова се многу често исклучени. За да се изборат со овој проблем, неопходно е да научат како да управуваат со стресот, како да ги канализираат негативните мисли и од сето тоа да излезат посилни.
Прочитајте и зошто милениумците никогаш нема да пораснат.