Кои се лековитите својства на сокот од домати?

Кои се лековитите својства на сокот од домати?

Дали знаевте дека дури и древните Маи и Ацтеки знаеле за лековитите својства на доматите и од нив подготвувале лековит напиток?

Кои се лековитите својства на сокот од домати?

Сокот од домати е полн со антиоксиданси, витамини и минерали. Затоа во лето се препорачува да подготвувате свеж сок во блендер или соковник. Сокот од домати одлично оди со целер и моркови. Додадете му малку вода доколку не сакате да биде многу густ, како и мраз за дополнително освежување.

Иако доматите се состојат од 95 проценти вода, тие сепак се меѓу најздравите зеленчуци во светот. Некои од хранливите состојки што ги содржат се, на пример, витамин Ц (шолја чист сок од домати задоволува дури 74% од дневните потреби за овој важен антиоксиданс), витамин К и минералот калиум.

Сепак, нивната најпозната состојка е ликопенот, антиоксиданс и каротеноид кој на доматите им ја дава карактеристичната црвена боја.

Ликопенот е одличен сојузник во борбата против воспаленија и тумори бидејќи го спречува штетното влијание на слободните радикали. Во продолжение прочитајте за лековитите својства на сокот од домати.

1. Помага при хипертензија и го зачувува здравјето на срцето

Истражувањата покажале дека консумирањето сок од домати може значително да го намали високиот крвен притисок. Покрај тоа, доматите се богати со витамин Б6, кој го намалува нивото на хомоцистеин, аминокиселина која ги оштетува крвните садови и срцето.

2. Значително го намалува ризикот од мозочен удар

Едно финско истражување во кое учествувале повеќе од илјада мажи на возраст од 46 до 65 години и кое траело околу 12 години, покажало дека кај оние испитаници кои имале повисоки нивоа на ликопен, ризикот од мозочен удар се намалил за 55 проценти. Токму ликопенот како моќен антиоксиданс го спречува создавањето на згрутчување на крвта, што значи дека тој помага при зачувување на крвните садови.

3. Го елиминира проблемот со лошото варење

Ако имате проблеми со запек, земете го овој природен лаксатив! Сокот од домати е богат со влакна (2/3 шолја сок содржи околу 4 g диетални влакна), па го стимулира дигестивниот систем и може да ви помогне при тешко варење.

4. Брзо ги обновува клетките на кожата

Сокот од домати е одличен напиток за брзо обновување на клетките на кожата. Благодарение на богатството со витамин Ц, овој сок има антиинфламаторно дејство и го стимулира создавањето на колаген. Токму затоа е одличен за сите оние кои сакаат да го подобрат здравјето на својата кожа и да го задржат нејзиниот младешки изглед. Ликопенот од сокот помага во заштитата на кожата од штетните ефекти на УВ зраците и значително го намалува ризикот од изгореници.

5. Ја намалува прекумерната киселост на телото

Доколку сакате да ја намалите прекумерната киселост на телото (која може да доведе до појава на ревматизам и атеросклероза), јадете сирови домати и пијте цеден сок од домати.

6. Го чисти телото од токсини

Сокот од домати содржи сулфур и природен хлор, кои ја подобруваат функцијата на бубрезите и црниот дроб. Додека хлорот им помага на црниот дроб и бубрезите да функционираат правилно, сулфурот ги штити овие органи од инфекции и воспаленија.

Откако прочитавте за лековитите својства на сокот од домати, можеби ќе сакате да прочитате и зошто треба да консумирате сок од цвекло.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар