Кои прашања треба да си ги поставувате секој ден за позитивен пристап кон животот?

Кои прашања треба да си ги поставувате секој ден за позитивен пристап кон животот?

Доколку денот по утрото се познава, тогаш ви предлагаме утринска рутина која се состои од неколку прашања и која ќе ви помогне да воспоставите позитивен пристап кон животот.

Кои прашања треба да си ги поставувате секој ден за позитивен пристап кон животот?

На кој начин денес би можело да се истакне моето автентично „јас“?

Кога живееме на начин кој не се спротивставува на нашата автентична природа тогаш живееме во согласност со нашите верувања и вредности. Тоа значи дека го живееме животот како што сакаме, дури и тогаш кога се соочуваме со неволји. Ова чувство на присебност и сигурност ни дава храброст и решителност да ги правиме нештата онака како што ние посакуваме.

Како можам да го живеам овој момент?

Ако продолжиме да живееме така што постојано ќе се грижиме за иднината или постојано се жалиме за минатото, го пропуштаме благословот што се нарекува „сегашност“. Ова сознание ќе влијае поволно и врз нашата емоционална благосостојба.

Како можам да ги направам работите подобро од вчера?

Да не заборавиме дека не само што треба да бидеме свесни за сегашниот момент туку и треба да преземаме целосна одговорност за нашите постапки во минатото. Така, наместо да се фокусираме на нашите грешки, мораме да го насочиме нашето внимание кон начинот на кој би можеле да ги исправиме.

Што ме прави среќен/а?

Кога последен пат размислувавте за вашата среќа? Дали секогаш ги ставате другите на прво место? Добро е да бидете сочувствителни и грижливи кон другите, но не заборавајте и на себе. Секој ден обидувајте се да смислите најмалку 3 работи што би можеле да ве усреќат.

Како можам да ја изразам мојата љубов кон оние што ги сакам?

Не заборавајте и дека одвојувањето време за вашите најблиски е одличен начин да ја покажете вашата љубов кон нив. Освен тоа, секогаш кога преземате иницијатива да ги усреќите другите, нивната радост влијае позитивно врз вашето емоционално здравје.

Откако прочитавте за нашиот предлог за утринска рутина, можеби ќе сакате да прочитате и како да ја зголемите самодовербата преку овие утрински позитивни мисли.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар