Кои површини не треба да ги чистите со акохолен оцет?

Кои површини не треба да ги чистите со алкохолен оцет?

лВо многу домаќинства, алкохолниот оцет се користи како средство за чистење и отстранување разни видови дамки, избелување светли алишта, отстранување мрснотии и чистење разни површини. Сепак, треба да имате предвид дека оцетот е кисел и може да оштети некои материјали и површини.

Кои површини не треба да ги чистите со акохолен оцет?

Еве за што не треба да го користите:

1. Дамки од јајца

Можеби звучи чудно, но оцетот е последното нешто со кое треба да ги третирате дамките од јајца, бидејќи киселината може да започне процес на коагулација на јајцата: премин од течна во цврста состојба, што сериозно ќе ја комплицира вашата работа.

Наместо да ставате оцет, извадете ги цврстите остатоци од површината со нож или лажица. Истурете две лажици детергент за миење садови во две чаши топла вода и избришете ја лигавата трага од јајцата со крпа или со меката страна на сунѓер; нежно тапкајте додека дамката не исчезне.

2. Подови од цврсто дрво

Иако некои мислат дека оцетот не треба да остава трага на дрвото, многумина велат дека разредениот оцет не треба да се користи за чистење дрвени подови, бидејќи киселината може да ја нагризе површината. Затоа, избришете го подот со влажна (не многу водена) крпа и со средство за чистење дрво.

3. Пегла

Можеби сте во искушение да ги исчистите со оцет дното на пеглата и малите дупки, но следете ги упатствата на производителот за да ја исчистите пеглата правилно.

4. Камени и керамички плочки

Оцетот и лимонот може да ги оштетат сите видови камени и керамички површини, затоа треба да се избегнуваат, а наместо овие кисели средства, користете детергент наменет за чистење на вакви материјали.

5. Тврдокорни дамки

Оцетот веројатно нема да ги исчисти дамки што се отстрануваат тешко, како што се дамки од мастило, трева или вино. Можеби ќе ви треба нешто повеќе од раствор за чистење со оцет.

6. Мермер и гранит

Оцетот може да ги уништи и да ги нагризе мермерот и гранитот, па дури и да ја отстрани бојата од нивната мазна површина. За чистење на површините од мермер и гранит користете детергент за миење садови разреден во топла вода.

Погледнете како да ги исчистите загорените садови без многу триење, со одличен додаток.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар