Кои намирници треба да ги одбегнувате доколку сакате да ја подобрите меморијата?
Никогаш не треба да заборавиме дека храната што ја консумираме влијае врз нашето здравје на различни начини, пред сè на срцето, но и на мозокот. Во продолжение прочитајте кои намирници треба да ги одбегнувате доколку сакате да ви се подобрат меморијата и фокусот.
Храна со вештачки засладувачи
Кога внесувате вештачки засладувачи кои немаат хранлива вредност, тоа може да го влоши нивото на лоши бактерии во цревата. Ова се однесува на сахарин, сукралоза и стевија, а особено на аспартам, кој е поврзан со анксиозност и може да го зголеми нивото на слободните радикали во мозокот.
Храна направена со индустриско и преработено масло
Преработеното масло се добива од соја, пченка и сончоглед и содржи многу омега-6 масни киселини. Прекумерното консумирање на овие киселини предизвикува телото да произведува хемикалии кои доведуваат до воспаление на мозокот. Затоа, нутриционистите препорачуваат почесто да користите маслиново, кокосово и авокадово масло.
Храна со додаден и рафиниран шеќер
На нашиот мозок му треба гликоза за да функционира, но премногу шеќер може да доведе до вишок гликоза во мозокот. Ова може да ја влоши меморијата и ова важи и за солената храна која исто така содржи шеќери, како што се кечап и сосови за тестенини.
Преработена храна
Исхраната богата со високо преработена храна може да доведе до влошување на здравјето на клетките и зголемен ризик од дегенеративни болести. Покрај тоа, оние кои го консумираат овој вид на храна имаат поголеми шанси да доживеат блага депресија во споредба со оние со различна исхрана.
Пржена храна
Иако пржената храна е вкусна, сепак не заборавајте дека таа има негативно влијание врз мозокот. Едно истражување покажало дека оние кои јадат многу од овие намирници имаат полоша меморија и полоши когнитивни способности.
Откако прочитавте кои намирници можат лошо да се одразат врз вашата меморија, можеби ќе сакате да ги прочитате и 5-те едноставни навики за подобрување на меморијата.
Извор: cnbc.com