Кохуке: Вкусен десерт од естонската кујна

Кохуке: Вкусен десерт од естонската кујна

Кохукее е многу популарен десерт за деца во Естонија. Естонците можат да купат од продавница десетици видови кохуке со многу различни вкусови. Овој десерт е популарен низ балтичките земји, а најмногу може да се најде во Естонија, Русија и во други источно-европски држави. Овие мали нешта всушност немаат многу историја – тие се стари околу 70 години и биле нешто како култна храна за време на Советскиот режим.

Кохуке: Вкусен десерт од естонската кујна

Потребни состојки:

  • 100 гр кварк (ќе добиете околу 10 парчиња кохуке) или несолена урда
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • шеќер, ванила
  • можете да додадете бобинки, чоколадо, кокос

Начин на подготовка:

  1. Ставете го кваркот/урдата во еден сад и додадете шеќер (не многу, бидејќи чоколадото ќе биде доволно благо).
  2. Направете мали топчиња.
  3. Растопете чоколадо. Чоколадото мора да биде течно.
  4. Натопете ги топчиња во чоколадото и покријте ги сите страни. Оставете да се исушат, а потоа уживајте!

Можеби ќе сакате да ја пробате и оваа мека пита со сирење која Финците ја обожаваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар