Претходно
Кога ќе станам татко, би сакал ќерка ми да ги научи овие работи…
Ова се 55 совети кои секој татко би можел да ѝ ги каже на својата ќерка.
- Светот е огромен и вреди да се истражи.
- Смеј се секогаш кога ќе најдеш каква било причина за тоа. Смеењето им годи на душата и здравјето.
- Знам дека нема да ме послушаш за ова, но не брзај да пораснеш. Ќе дојде ден кога ќе сакаш да го забавиш текот на времето.
- Здравјето е многу важно. Грижи се за него.
- Семејството секогаш ќе ти биде на располагање. Не плаши се да прашаш или побараш што било.
- Да бидеш своја е неопходно за да бидеш среќна. Мисли со своја глава и сама носи ги своите одлуки.
- Разумот е многу корисна алатка во животот. По неа се разликуваат оние што се успешни наспроти оние кои водат стресен живот и никогаш не учат од грешките.
- Сечие мислење не е битно, но вреди да се сослуша. Ако ништо друго, ќе го прошириш својот поглед за уште една перспектива.
- Насилството не смее да има место во твојот живот, освен ако, не дај Боже, дојдеш во ситуација да треба да се одбраниш.
- Не ги прифаќај расизмот, сексизмот и каков било друг облик на нетолеранција и дискриминација.
- Секој заслужува почит, освен ако тој или таа не те почитува тебе.
- Луѓето на светот главно се добри, но има и многу кои се лоши. Немој да им судиш додека не дознаеш доволно за нив.
- Набљудувањето е клучот за разбирање на светот околу тебе. Набљудувај и потоа пробај да ја разбереш околината. Потоа пак набљудувај.
- Секогаш размислувај два чекори однапред. Не размислувај само за последиците од твоите дела, туку и за последиците од тие последици.
- Секогаш имај план Б.
- Одлуката за тоа што ќе правиш со животот не се донесува само еднаш. Таа може да се менува како што ќе се менуваат твоите желби, интереси и потреби.
- Биди добра со животните. Тие не се луѓе, но се живи суштества кои чувствуваат. Тие не се толку различни од нас како што некои луѓе сакаат да веруваат.
- Сомневај се и преиспитувај го секое тврдење во животот.
- Во ред е ако не знаеш нешто. Можеш да научиш.
- Интелигенцијата е многу вреден квалитет.
- Жените не само што се паметни исто колку и мажите, туку се и попаметни од повеќето мажи.
- На жените не им се неопходни мажите.
- Нема ништо погрешно во тоа да бидеш геј. Ако повеќе ти се допаѓаат жените, уживај во тоа.
- Имаш слобода да одбереш која религија најмногу ти одговара.
- Читањето е важно, а може и многу да се ужива во него.
- Ако сакаш да учиш за животот, тогаш нурни во светот на науката и филозофијата.
- Избери факултет кој ќе сакаш да го учиш. Не грижи се толку многу за тоа каде ќе работиш, на тоа ќе мислиме кога ќе завршиш.
- Вмрежувањето со вистинските луѓе значително ќе те доближи до успехот.
- Многу е важно да имаш добри пријатели, но имај предвид дека сите луѓе не се способни да бидат тоа.
- Почни со сексот кога ќе бидеш вљубена. Ова не значи дека треба долго да чекаш да дојде „вистинскиот“, но можно е подоцна да преферираш љубовта да била присутна во тоа.
- Сексот може да биде супер со вистинската личност и да направи да се чувствуваш најубаво на светот. Но, со погрешната личност ќе ти даде сосема спротивно чувство.
- До кај 25-годишна возраст, повеќето мажи ќе бидат покрај тебе само поради желбата да те легнат.
- Сакај ги и цени ги своите браќа и сестри. Тоа може да биде напорно на моменти, но ќе си се најдете во животот.
- Пиењето алкохол може да биде забавно, но и опасно.
- Истото важи и за дрогите. За нив е најдобро ако никогаш не ги пробаш.
- Дознај го потеклото на производите кои ги купуваш. Тоа е многу корисно.
- Секогаш користи кондоми и други средства за контрацепција. Не ризикувај фаќање на сексуално преносливи болести и немој да имаш деца додека не си спремна за тоа.
- Никогаш немој да возиш во нестабилна состојба. Никогаш!
- Секогаш врзувај се кога возиш, не користи го телефонот додека го правиш тоа и вози одговорно.
- Не влегувај во ситуации кои се опасни по твоето здравје или живот.
- Љубовта може да биде и најубавата и најгрдата работа на светот.
- Кога ќе најдеш некого покрај кого можеш да се замислиш до крајот на животот, немој да го испуштиш. Можеби ќе бидеш исплашена и загрижена, можеби нема да бидеш сигурна во себе, но ако го испуштиш засекогаш ќе жалиш за тоа.
- Не мора да се мажиш, но убаво е да најдеш животен партнер. Не брзај во тоа.
- Не дозволувај да бидеш нечиј трофеј.
- Нема ништо погрешно во тоа да бидеш домаќинка додека мажот го обезбедува семејството. Прави го тоа што те прави среќна.
- Влези во брак исклучиво поради љубов и поради ниту една друга причина. Разводот не е пријатен.
- Во ред е да се разведеш ако си направила грешка при изборот на сопруг. Не останувај во брак ако не ти одговара тоа. Ќе биде потешко ако имате и деца, но доколку носите зрели одлуки тоа може да заврши со минимална штета.
- Ти сама си го дизајнираш животот. Ти и никој друг.
- Ако има нешто кое многу силно го посакуваш, тоа и ќе го добиеш. Но, немој да очекуваш дека самото ќе ти дојде в раце. Тоа треба да си го заработиш.
- Простувај им на луѓето, но знај дека е разбирливо ако некогаш не можеш да го сториш тоа.
- Отворениот ум го прави животот поубав.
- Избегни го каењето. Преземај ризици и прави грешки ако е потребно.
- Продолжувањето на животот на оваа планета е наша одговорност. Грижи се за целата природа, не само за луѓето.
- Не се помирувај со животот таков каков што е, ако тој не ти се допаѓа. Секој следен момент е можност да го промениш.
- За да направиш промени во животот, потребно е само да одлучиш за тоа. Ако подоцна се премислиш, тоа значи дека никогаш и не си ги сакала промените.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.