Кога е вистинскиот момент?

Кога е вистинскиот момент?

Автор: Калин Бабушку

Сите сме во некаква потрага по тоа кога е ВИСТИНСКИОТ МОМЕНТ. Постојано сме во спрега со тоа чудно прашање: дали е вистинскиот момент сега? А кога е?

koga-e-vistinskiot-moment-kafepauza.mk

Најголемиот проблем е што додека чекаме да дојде вистинскиот момент, времето си поминува. Па така и се враќаме назад на прашањето: кога е вистинскиот момент? Немојте да очекувате или да чекате некој да ви помогне околу наоѓање на одговорoт на тоа прашање, затоа што вистинскиот момент е кога вие ќе се почувствувате подготвени! Тоа е најпростиот одговор.

Еве ви некои совети, како побргу да дојдете до вистинскиот момент, односно да се почувствувате подготвени:

  • Немојте да седите со скрстени раце и ништо да не преземате, бидете сигурни дека никогаш нема да дојде вистинскиот момент.
  • Истражувајте наоколу за тоа што сакате да направите. Видете како другите го направиле тоа. Консултирајте се.
  • Прашувајте наоколу, но немојте да применувате сè што ќе ви кажат. Учете од туѓите грешки (можеби звучи како клише, но мое е да кажам) и ако може да не ги повторувате нивните грешки, уште подобро.
  • Намалете ги можните ризици до нула или многу малку. Тоа ќе го направите, ако планирате квалитетно и доволно време.
  • Доколку финансиите се проблем (а речиси се секогаш), истражете ги сите опции за наоѓање инвестиции (банки, пријатели, кофинансиери, роднини, итн.)
  • Имајте време и за себе и за себеанализирање, можеби и ќе согледате некои работи што ќе ви помогнат.
  • Размислете многу и за вашата иднина, надвор од работата или обратно.
  • Побарајте, ако ви треба, поддршка од блиската околина, но немојте да се декуражувате доколку не ве поддржат…
  • Верувајте во себе.

За што и да сте чекале дали е вистинскиот момент, немојте да чекате туку почнете да доаѓате до тој момент што побргу, ако не и веднаш. Вистинскиот момент е кога сте вие подготвени.

Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар